Responsive Leaderboard AD Area
Едукативно, Интересно

Зошто се округли прозорчињата во авион?

Додека некои патници можно е да бидат преплашени, или под седативи за да приметат, честите патници можно е да се запрашаат зошто прозорите во авионот се округли. Прозорите во домовите се правоаголни, во автомобил се повеќеаголни, но често правоаголни. Но зошто авионите не го следат тоа правило?

Всушност не е избор поради изглед. Авионите порано имале коцкасти прозорчиња. И завршувале уривајќи се поради нив.
авион
Кога комерцијалните авио-компании се надоградиле со побрзи и поголеми авиони во почетоците на 1950тите години, авионите понекогаш се распаѓале во сред воздух. Два од нив, исто од “Havilland Comets”, се распаднале на само неколку месеци еден по друг во 1954 и убиле 56 патници. Инспекторите ги следеле недостатоците на коцкастите прозори, кои го собираат стресот од преголемиот притисок во кабината и се склони на кршење. За време на еден тест, “Royal Aircraft Establishment” откри дека до 70% од стресот на авионот е концентриран од острите агли на прозорите.

Округлите прозори, што се во можност да го растераат притисокот подеднакво, веднаш станале новиот стандард во патничките авиации. И за сите што ги гледате, всушност има три стакла во употреба. Едното го носи товарот на притисокот, другото е во случај ако претходното откаже, што е многу ретко, и последното се соочува со надворешноста.

А за малото дупче во долниот крај, тоа е таму за да бидете сигурни дека работното стакло го издржува товарот на воздушниот притисок, за итни случаеви.

Share this Story
Load More Related Articles
Load More By Irina Sm
Load More In Едукативно

Facebook Comments

Check Also

#ГласамПротив Интересни илустрации од македонските дизајнери поврзани со моменталната политичка ситуација

Македонија е на прагот од една нова (политичка)раскрсница. ...