Responsive Leaderboard AD Area
Едукативно, Интересно

Зошто се дијамантите толку скапи и посебни?


Како едно полирано камче станува едно од најскапите работи на Планетата? Два зборови: монопол и пропаганда.

Пред само два векови, не мислевме многу за дијамантите. Тогаш, тие биле навистина ретки, и како такви, биле често носени и поседувани од членови на кралските семејства. Тогаш, во 1870 година, рударите откриле огромен депозит на дијаманти во Јужна Африка, и претходниот мал пазар за дијаманти се преплавил. Дијамантите не само што станале чести, но и релативно ефтини.

Но тие денови не траеле многу. Човек со име Цецил Родес започнал да купува акции на рудниците со дијамант. За само 18 години подоцна, Родес го контролирал целото Јужно Афричко снабдување со дијаманти.

Можеби никогаш да не сте слушнале за Цецил Родес, но можеби сте слушнале за претходните сопственици на фармата каде неговото дијамантско царство започнало – the De Beers. Во текот на неколку децении на платенички бизнис практики, Родес ја претворил својата компанија во картел, а потоа монопол. После некое време, Родес и неговиот De Beers рудник ги превземале работите и го победиле натпреварот. Седејќи на светскиот дијамантски интерес како змеј на богатство. Со раката на De Beers на кранот, стратосферското покачување на дијамантското производство било потполно стабилизирано.

Но тогаш удрила депресијата, дијамантите и накитот општо станале предмети со низок приоритет за Американците. Во истражување во 1939 година, се открило дека една третина од невестите во тоа време биле побарувани без веренички прстен. De Beers се соочувале со големо снабдување и занемарлива побарувачка. Нова ера на платенички тактики била во видик.

Компанијата испратила меморандум на рекламната агенција N. W. Ayer, прашувајќи дали “пропаганда во различни форми” – со истите зборови – би можеле да ја покачи побарувачката на дијаманти. Агенцијата направила истражување врз употребувачите и откриле дека дијамантите биле сметани за луксуз. Тие сфатиле дека патот до паричниците на луѓето е преку нивните срца, и тие ја лансираа најуспешната рекламна кампања во историјата на Америка.

De Beers започнале да кредитираат големи дијаманти на познати личности. Да се осигураат дека камењата ќе бидат споменати во печатот, тие започнале сопствен весник и магазин колумни, земајќи го производот и опишувајќи го во светкави детаљи.
дијаманти
Во 1948 година, Фаранцес Герети, ги освоил корисниците со четири мали зборчиња: “Дијамантот е Засекогаш”. Фразата ги позиционирала дијамантите и како метафора за вечна љубов, и за звучна инвестиција ( што навистина, навистина не се ). Продажбата на дијамантските веренички прстени започнала да се покачува. Годишниот извештај на The Ayer агенцијата во 1951 година истакнала дека “Луѓето што се занимаваат со накит сега кажувале дека девојките се верени само ако имаат дијамантски веренички прстен”. До 1968 година, 80 проценти од Американските невести ги носеле.

Таа пропаганда на чувствата на луѓето и до ден денес зафаќа голем простор, што луѓето мислат дека дијамантите се симбол на некоја голема љубов или на големо вреднување, со длабока историја. Кога се е започнато со алчните пропаганди на фирмите за тие да се збогатат.

Share this Story
Load More Related Articles
Load More By Irina Sm
Load More In Едукативно

Facebook Comments

Check Also

#ГласамПротив Интересни илустрации од македонските дизајнери поврзани со моменталната политичка ситуација

Македонија е на прагот од една нова (политичка)раскрсница. ...