Responsive Leaderboard AD Area
Едукативно, Интересно

Зошто музиката ни дава морници?

Кога вашата плејлиста ќе ги погоди правите акорди, вашето тело може да испатува на психолошка радост. Отчукувањата на вашето срце се зголемуваат. Вашите зеници се прошируваат. Температурата на вашето тело се покачува. Крвта се пренасочува кон вашите нозе. Вашиот мал мозок – и мисијата да го контролира движењето на телото – станува повеќе активен. Мозокот ви се оплавува со допамин, и скокотлива морница ви поминува позади по рбетот.

Околу 50% од луѓето добиваат морници кога слушаат музика. Истражувањето покажува дека тоа е затоа што музиката стимулира антички награден пат во мозокот, охрабрувајќи го допаминот да тече низ стриатумот – дел од предниот мозок кој се активира со зависност, награда, и мотивација. Музиката, изгледа, може да влијае на нашиот мозок на истиот начин на кој што влијае сексот, коцкањето, и чипсот од компири.
музиката
Чудно, тие допамин нивоа можат да ѕирнат неколку секунди пред специјалниот момент на песната. Тоа е затоа што вашиот мозок е добар слушач – константно предвидува што ќе се случи следно. (Еволуционарно гледано, тоа било добра карактеристика да го имаш. Правењето на добри претпоставки е есенцијално за преживување.)

Но музиката знае да има трикови. Може да биде непредвидлива, да го буни нашиот мозок, и да ги држи тие допамин предизвикувачи во претпоставка. И тогаш можно е тие морници да се појават. Затоа што кога конечно ќе го слушнете чеканиот акорд, стриатумот зрачи со допамин-потопена задоволство, и БАМ, ги имате морниците. Колку што е поголемо градењето, поголеми се и морниците.

СИВИ ЗОНИ
Постојат натпреварувачки теории. Неврологот Јаак Панксепп, на пример, има откриено дека тажната музика ги предизвикува морниците многу почесто од среќната музика. Тој вели дека меланхоличната мелодија активира антички, опуштачки механизам – одговор во хаос кога нашите предци го чувствувале кога биле поделени од фамилиите. Кога балада ни дава чувство на носталгија или меланхолија, тој еволуционарен дизајн се појавува.

Што е интересното за теоријата Панксепп, е дека тие морници не ги натажуваат повеќето луѓе. Искуството е зачудувачки позитивно. Скоро истражување покажува дека тажната музика всушност предизвикува позитивни емоции-тагата доживеана преку уметност е попријатна од тагата што сте ја доживеале од лошиот ден на работа.

Ова може да придонесе за друга теорија. Амигдалата, која ги разработува вашите емоции, реагира уникатно на музика. Мрачен тон, може да активира реакција на страв во амигдалата, правејќи ги вашата влакна да се исправат. Кога тоа се случува, вашиот мозок брзо разгледува дали некаде има вистинска опасност. Кога разбира дека нема ништо да се грижи, таа реакција на стравот станува позитивна. Стравот се тргнува, но чувството на убаво останува.

Share this Story
  • Едукативно Интересно

    Зошто музиката ни дава морници?

    Кога вашата плејлиста ќе ги погоди правите акорди, вашето тело може да испатува на психолошка радост. Отчукувањата на вашето срце се ...
Load More Related Articles
Load More By Irina Sm
Load More In Едукативно

Facebook Comments

Check Also

#ГласамПротив Интересни илустрации од македонските дизајнери поврзани со моменталната политичка ситуација

Македонија е на прагот од една нова (политичка)раскрсница. ...