Responsive Leaderboard AD Area
Едукативно, Интересно

За што всушност служат живописните ветерници на Холанѓаните?

ветерници
Кога секој од нас ќе помисли на ветерница, често се потсеќаме на Холандските необични разлики на ветерниците. Тие се толку симболични на Холандија, што комплексот со 19 ветерници во селото Киндердијк, е заштитено под UNESCO како World Heritage Site. Блоковите на ветерниците со нивните решетки во форма на сечила, се широко распространети уште од деновите на Don Quixote(1615 година).

Во ветровитата Холандија, тие необични структури биле важен дел од ,контрола против поплави во почетокот на 15тиот век. Четвртина од земјата лежи под нивото на морето, што ја прави склона на поплави. Холанѓаните ги имаат рефинирано нивните системи за контрола против поплави низ стотици години. Нивното инженерство е толку ефективно што други земји, како С.А.Д, сега пробуваат да се адаптираат на нивните техники како што климата се менува и подлага на ризик од поплави многу градови.

Ветерниците ја собираат енергијата од ветерот да ја испумпа водата надвор од така наречените “polders“, и многу мочуришта имаат вратено во обработлива земја. Ветерниците пумпале вода надвор од ниските земјишта, за да спречат поплави и да ги спасат обработливите површини. Тие можат да извлечат вода скоро 1,5 метар, каде би била складирана пред да биде вратена во реките или во морето. Ако водата се подигала повеќе од 1,5 метар, ветерниците биле инсталирани во серии, наречени “molengang“, со што првата ветерница би ја повлекла водата 1,5 метар, па следната ветерница би ја повлекла водата исто 1,5 метар, и така по ред додека не ја исцедат во канал.

Според преведена книга по историја на Холандија од 1962 година, заштитникот на ветерниците Фредрик Стокхаузен, тврдел дека имало околу 9000 ветерници во Холандија во 1800тите години. Најраните споменувања на ветерниците датираат уште од 13тиот век. Пред полдерите да бидат основани, ветерниците-како што самиот збор ќе ве наведе да си помислите-биле наменети за мелење на жито и семиња од сенф. Моќта на ветерот исто била употребувана за сечење на дрвја, за правење на хартија, и да се обработува масло. Всушност се што требало да биде трескано, рендано или мешано. Тие исто служеле и како пренесувачи на пораки.

Share this Story
Load More Related Articles
Load More By Irina Sm
Load More In Едукативно

Facebook Comments

Check Also

#ГласамПротив Интересни илустрации од македонските дизајнери поврзани со моменталната политичка ситуација

Македонија е на прагот од една нова (политичка)раскрсница. ...