Responsive Leaderboard AD Area
World, Едукативно, Интересно

Стивен Хокинг се сложува да бараме Вонземјани, но предупредува дали да ги поканиме на Земјата

Стивен Хокинг има предупредено против преголемо експонирање на човечкото присуство пред вонземјански цивилизации, затоа што се плаши дека вонземјаните ќе можат да бидат технолошки понапредни, и можат да бидат освојувачи што ќе ги третираат луѓето како инфериорни.

Во научното шоу “Stephen Hawking’s Favorite Places”, физичарот прави тура низ универзумот возејќи компјутерски генериран вселенски брод и лета преку хипотетичка егзопланета “Gliese 832c” – супер-Земја која е 16 светлосни години оддалечена и од која може да се пронајдат сигнали од вонземјани со помош на напредни радио телескопи.


“Еден ден би можеле да примиме сигнал од планета како оваа, но да одговориме назад… Да се сретнеме со напредна цивилизација би можело да биде како Индијанците кога се сретнале со Колумбус. Тоа да не излезе баш најдобро, се изјасни Хокинг.

Возбуден, а сепак загрижен поради Вонземјаните
Изјавата на Хокинг рефлектира грижа исто како и радост за замислата кога луѓе би поканиле вонземјани на Земјата. Има возбуда од тоа да ги запознаеме, но грижите доаѓаат од стравот дека вонземјаните можат да ги потчинат луѓето како технолошки заостанати.

Возбудата за вонземјаните била изразена во негова поддршка, праќајќи нанокрафт до најблискиот ѕвезден систем, што има планета како Земјата.

Коментарите на Хокинг исто така имаат чудна коициденција со плановите на НАСА Европа, кои вклучуваат потрага за вонземјани.

Рационалност На Песимистичките Гледања
Песимистичките гледања на физичарот за вонземјаните се исто така изјавени во неговиот документарец снимен за Discovery Channel , Stephen Hawking’s Universe.

“Си замислувам дека тие можно е да постојат во масивни бродови, и да ги имаат искористено сите ресурси од својата планета”, кажа Хокинг.


Тој верува дека вонземјаните би можеле да бидат многу понапредни од луѓето, и можат да бидат номади кои бараат да освојат нови планети за да изградат повеќе вселенски бродови.

Хокинг предвидува дека помеѓу човештвото и вонземјаните, вонземјаните би биле супериорни. Тој гледајќи од минатото, покажува дека интеракцијата помеѓу луѓето и другите помалку свесни организми била неповолна за оние кои биле помалку напредни.

Share this Story
Load More Related Articles
Load More By Irina Sm
Load More In World

Facebook Comments

Check Also

#ГласамПротив Интересни илустрации од македонските дизајнери поврзани со моменталната политичка ситуација

Македонија е на прагот од една нова (политичка)раскрсница. ...