Responsive Leaderboard AD Area
Едукативно, Интересно

Работи направени од човекот за кои може мислите дека се целосно природни

Луѓето инстинктивно го сакаат концептот на “природно” скоро толку многу колку што не ги сакаат работите што се “вештачки” или “генетички создадени” или “монстроузности на науката.” Епа, ставете си ги шапките за учење, затоа што скоро се што го класифицираме како “природно” е менувано од човечката рака.

4. Целиот басен на големиот Амазон
Амазонот е еден од последните диви џунгли, кој се протега низ длабоки дождовни шуми каде пираните и анакондите се шетаат слободно за да конзумираат старлети во филмови со чудовишта. Ако постои едно место на Земјата каде апсолутно, позитивно, не е допрено од човештвото, тоа е оваа величествена река. Така?

Не.
Индијанците биле еколошки алчни со џунглата на Амазонот. Покрај стереотипите дека биле во хармонија со се што е природно, тие биле мајстори за модифицирање на околината за да ги задоволат нивните потреби. Насадувале овошни дрвја, ја менувале земјата поради потребите на земјоделството, правеле канали, брани, па и вештачки езера за риболов.

3. Повеќето од зеленчукот и овошјето
Уште од нашето детство, сме биле учени да јадеме овошје и зелечнук затоа што е природно и здраво, и затоа што нашите мајки ни велеа дека чудовишта ќе ни ги украдат органите ако не јадеме. Но, секое овошје и зеленчук што го имаме изедено, е прљава лага.
Но тоа не е нужно лоша работа. Да ја земеме пченката, која ги одржувала Индијанците живи, и Американците удобно дебели. Да погледнеме како изгледала пред од прилика 10,000 години.
работа направена од човекот
Исто и бананата која ја познаваме денес, не изгледала така. Таа била припитомена во Нова Гвинеја пред 6,500 години.
вештачка банана
Доматите биле екстремно мали, но поради клетки за растење слични како клетките на ракот, со што реагираме во хорор, правиме се за да ги присвоиме.

Исто и за дивите краставици, што изгледале на мали боцкави топчиња.

2. Многу земјотреси
работи направени од човекот
Сите знаеме дека за фактот дека екстракцијата на природната енергија може да предизвика сериозни земјотреси. Претходно без земјотреси, полето за нафта Газли, во Узбекистан, е погоден од три земјотреси со магнитуда од 7.0 во време од 8 години откога е започнато бушење на земјата во 1962. Слични активности на земјотрес од бушење се предизвикани во Калифорнија, со земјотреси од 5.9 до 6.5 на Рихтеровата скала.

1. Скоро целината од домашните животни
Од кога го имаме оставено ловењето животни за храна, ги имаме реконструирано домашните животни како што нас ни одговараат. Кравите се викале аурошс – џиновски, намуртени, мускулни тенкови со рогови створени за бодење, а колку различно изгледаат денес.

Кокошките се исто масивно мутирани. Тие ја имаат зголемено својата величина за четири пати од 1950та година па до денес.

Исто и мисирките се имаат зголемено дупло од 1929 год.

Share this Story
Load More Related Articles
Load More By Irina Sm
Load More In Едукативно

Facebook Comments

Check Also

#ГласамПротив Интересни илустрации од македонските дизајнери поврзани со моменталната политичка ситуација

Македонија е на прагот од една нова (политичка)раскрсница. ...