Responsive Leaderboard AD Area
#Факти, Едукативно, Интересно

Повеќето витамини се бескорисни, но еве ги тие кои би требало да ги конзумирате

Изгледа како едноставен совет: Јадете го зеленчукот, вежбајте, и секако, земајте ги вашите витамини.

Или не.

Децении од истражувања не имаат успеано да пронајдат значителен доказ дека витамините и суплементите прават некое значајно добро. Всушност, неодамнешни истражувања имаат закосено во обратниот правец, пронајдоа дека некои витамини се и штетни за вас . Неколку се поврзани со покачување на ризикот од рак , додека други се поврзани со покачување на ризикот од бубрежни камења.

1. Мултивитамини: Избегнете ги – имате сè што ви е потребно со балансирана диета.
витамини се бескорисни
Со децении, претпоставувано е дека мултивитамините се критични за сè вкупното здравје. Витамин Ц “да го засили имунитетот”, Витамин А да ни го заштити видот, Витаминот Б за енергија.

Не само што ги имаме овие витамини од храната која ја јадеме, но истражувањата имаат покажано дека конзумирањето во големи дози е штетно.

2. Витамин Д: Земете го – помага за задржување на јачината на коските и тешко е да се добие од храна.

Витаминот Д не се наоѓа во голем дел од храната што ја јадеме, но е критична состојка што ни ги прави коските посилни со што помага во апсорбирањето на калциумот.

3. Антиоксиданти: Избегнете ги – големо конзумирање е поврзано со засилен ризик на некои видови на рак, и можете да јадете бобинки наместо тоа.

Витаминити А, Ц и Е се антиоксиданти кои можеме да ги пронајдеме во голем дел од овошјето – посебно бобинките и зеленчукот.

Но истражувањата докажуваат дека ако се земаат во големи дози можат да бидат штетни . Преглед на испитувања од 2007 година на различни видови на суплементи на антиоксиданти имаат докажано дека го зголемуваат ризикот од предвремена смрт.

4. Витамин Ц: Избегнете го – веројатно нема да ви помогне во вашата настинка, и може да јадете цитрони наместо тоа.

Истражувања по истражувања имаат докажано дека преголемата конзумација на Витамин Ц го зголемува ризикот на болни бубрежни камчиња. Наместо суплементи може да го пронајдете овој витамин во голем дел од храната. Јагодите имаат голем процент на Витамин Ц во нив.

Share this Story
Load More Related Articles
Load More By Irina Sm
Load More In #Факти

Facebook Comments

Check Also

#ГласамПротив Интересни илустрации од македонските дизајнери поврзани со моменталната политичка ситуација

Македонија е на прагот од една нова (политичка)раскрсница. ...