Responsive Leaderboard AD Area
Video, Интересно

Полска претстави нови неверојатни патеки за велосипеди на соларна енергија

Безбедноста е клучна за велосипедистите, особено кога возат ноќе. Полска само што претстави нов тип на велосипедски патеки за побезбедно и попријатно искуство. Лоцирано во регионот Мазури, овие патеки светат светла сина боја во текот на ноќта, за безбедноста на велосипедистите а исто и за автомобилите. Патеките употребуваат фосфор, синтетички материјал што согорува откако ќе има контакт со сонце.

“Материјалот што го употребувавме за hte патеката дава светлина повеќе од 10 саати”, кажа Рутмар од TPA Instytut Badan Technicznych. “Ова значи дека патот може да зрачи преку целата вечер, и да се наполни во текот на денот.”
соларна
Фосфорот традиционално е употребуван во катодни цевки и плазма екрани. Тие имаат воздржана емисија, што значи дека можат да останат осветлени на подолг временски период.

Оваа верзија на фосфорот е произведена во ТПА лабораторијата во Прусзков.

Слична велосипедска патека излезе и во Холандија да реплицира делови од делото на Винцент Ван Гог “Starry night.” Додека таа патека ја инспирирала Полска, двете патеки користат многу различни технологии. Патеката на Ван Гог употребува ЛЕД светла наполнети со соларна енергија. Погледнете го видеото подолу.

Патеката на Полска не бара извор на енергија, и сеуште се тестира. Никој моментално не знае колку точно ке издржи фосфорот пред да се истроши.

Share this Story
Load More Related Articles
Load More By Irina Sm
Load More In Video

Facebook Comments

Check Also

#ГласамПротив Интересни илустрации од македонските дизајнери поврзани со моменталната политичка ситуација

Македонија е на прагот од една нова (политичка)раскрсница. ...