Responsive Leaderboard AD Area
Video, Едукативно, Интересно

Научниците објаснуваат како веројатно ќе умрете

Кога ќе преминеме на главното, секоја фобија има исти корен, стравот од смртта. Дали е страв од летање, кловнови, затворени простории, па дури и “Lepidopterophobia”(страв од пеперутки), што луѓето се вистински исплашени е од начинот на кој што ќе им дојде крајот на нивниот живот.

Ова видео, докажува дека веројатноста да умрете од вашите најголеми стравови е погрешна. “Најголемиот причинител на смрт се нарекува умирање”, нараторот кажува. Добра поента.

Од тука, тој не запознава со интересен концепт: Олимписките Самоубиства. Секој учествува, а наградата е билион долари. Всушност, кој ќе успее да умре на најсмешниот, најневеројатниот начин победува.

Но, мора да е целосна несреќа. Од тука, станува навистина интересно.

Нараторот покрива неколку “ризични” сценарија за можно победување на натрпеварот, прелистувајќи ги шансите за несреќите што ги убиваат учесниците. Тие се многу поневеројатни од што можеме да си претпоставиме.

Неговото решение? Едноставно живеење на животот е најголемата причина за смртта на луѓето. Употребата на цигари, дебелината, употребата на дрога, ракот, болести на срцето, и други.

Што е навистина интересно се шансите за некој да се роди. После неколку интензивни пресметки, неговиот заклучок е следниов: Веројатноста на раѓање на човек, е поретка од “Mewtwo”(од покемон)

Share this Story
Load More Related Articles
Load More By Irina Sm
Load More In Video

Facebook Comments

Check Also

#ГласамПротив Интересни илустрации од македонските дизајнери поврзани со моменталната политичка ситуација

Македонија е на прагот од една нова (политичка)раскрсница. ...