Responsive Leaderboard AD Area
Едукативно, Интересно

Можете ли всушност да бидете “лево-мозочни” или “десно-мозочни”?

Мозокот, се разбира, е поделен во две хемисфери. Но дали може левата страна да ви е поактивна од десната или обратно?

КАРАКТЕР
Без разлика дали сте од “десните” креативните типови, или од “левите” зависниците од бројки, едната хемисфера не доминира во однос на другата за да го утврди вашиот карактер. Всушност, повеќето невролози никогаш ја немаат прифатено таа идеа на прво место. Вашиот мозок е премногу паметен за тоа. Би било непотребно едната страна да работи посилно и подобро од другата.

Сепак, оваа теорија има преживеано со години. Стана популарна кога добитникот на Нобелова награда Роџер В. Спери започнал да ја изучува епилепсијата. Тој откри дека група на влакна што ја спојуваат левата со десната хемисфера-можат да спречат удар на мозокот. Но исто така имаат предизвикано некои чудни однесувања, водејќи го Спери да верува дека различните половини на мозокот контролираат различни активности. (Пред ова, научниците верувале дека левата страна била таа што е важна, а десната страна на мозокот бил “партнерот што спие.”)

Спери предупредил да не се третираат неговите откритија како догма. Тој кажал дека теоријата е “генерално идеа со која лесно можеш да истрчаш на диво.”Но навистина истрчала диво. Медиумите побудалеле за теоријата на Спери, потхранувајќи го митот дека двете половини на мозокот работат во изолација.
мозок

ПСИХОЛОГИЈА
Еве ја вистината: Не е важно каков е вашиот карактер, вие ги употребувате и двата дела од мозокот скоро секогаш. Истражувачите на Универзитетот на Утах открија дека мозочната активност во двете хемисфери е во основа иста. Едната страна не се натпреварува со другата. Туку, ја надополнува.

Секако, студии за истражување на мозокот покажуваат дека различни региони на мозокот контролираат различни активности. Но една страна е ретко посилна од другата-и една страна ретко поседува монопол за одредени можности. Математичките вештини, на пример, се белег на “лево-мозочните.” Но двете страни имаат улога во правејќи ве на математички факир(левата страна ви помага во броење, додека десната страна ви помага во естимирање на бројките).

Share this Story
Load More Related Articles
Load More By Irina Sm
Load More In Едукативно

Facebook Comments

Check Also

#ГласамПротив Интересни илустрации од македонските дизајнери поврзани со моменталната политичка ситуација

Македонија е на прагот од една нова (политичка)раскрсница. ...