Responsive Leaderboard AD Area
Едукативно, Интересно

Колку хартија би ни требало за да го испечатиме интернетот?

Интернетот е генијалецот на модерното време. Каде што расправаме за пусти телевизиски пресврти, каде пишуваме задолжителни животни случувања на нашите роднини, и каде примаме корпоративни белешки преку e-mail. Твитер, блогови, може да пишуваме страници и да праќаме букви. Цел тој материјал што постои на the World Wide Web замислете да мораше да биде испечатен. Па колку хартија би ни требало? Колку време би ни требало за интернетот да биде испечатен во една масивна книга?

хартија

Џорџ Харвуд и Евангелин Валкер, студенти на U.K.’s University of Leicester, естимираа дека целиот интернет би се опфатил на околу 68.1 милијарди до 136 милијарди страници на А4 формат на хартија, ако секоја веб страница би можела да се испечати на 15 до 30 хартиени страници. Нивното истражување е објавено во Journal of Interdisciplinary Science Topics

Харвуд и Валкер пристигнале на нивната презентација со помош на бројот на индексираните страници на интернетот (според една страница, 4.54 милијарди страници од Фебруари 2015, откога го завршиле нивното истражување). Сепак, оваа бројка не се совпаѓа со наречениот Deep Web кој не е индексиран од пребарувачите и е многу поголем од истражувачкиот интернет универзум.

Па колку дрвја од светот би ни биле потребни за да испринтаме толку страници? Претпоставувајќи дека секоја веб страна што може да биде истражена на интернетот е 15 страници долга на хартија, и дека од секое дрво би можело да се направат 17 купови на хартија, би требало малку повеќе од 8 милијарди дрвја – или скоро 114 квадратни километри од прашумата на Амазонот.

Share this Story
Load More Related Articles
Load More By Irina Sm
Load More In Едукативно

Facebook Comments

Check Also

#ГласамПротив Интересни илустрации од македонските дизајнери поврзани со моменталната политичка ситуација

Македонија е на прагот од една нова (политичка)раскрсница. ...