Responsive Leaderboard AD Area
#Факти, Едукативно, Интересно

Која е веројатноста?

Живееме во несигурен свет. Никој не знае од овој ден до следниот што ќе се случи или што да очекува. Животот самиот по себе е коцка, и ги играме шансите секој ден, неважно кој ќе има корист. Сепак, сакаме да знаеме дали шансите ќе бидат за или против некој конкретен настан, како на пример добивање на лото. Всушност, три пати е повеќе е веројатно да загинете во сообраќајка додека одите до продавница да го купите лото ливчето отколку да го добиете лотото. Вие исто така имате поголема шанса да бидете погодени и убиени од гром од што да бидете мулти-милионер.

Со сите Final Destination филмови излезени, идејата на смртта и тоа како би можеле да умреме е вградена во нашите умови. Оставени сме да размислуваме и да се запрашуваме за шансите на самото наше постоење. Сите знаеме една работа за сигурно; веројатноста да умреме е 100 проценти; нема начин да ја измамиме смртта, како што и во филмот нè води да веруваме. Но кои се шансите дека смррта може да се случи во секој даден момент? Апсолутно нема веројатност; шансите да умреме од различни причини се уникатни за секој поединец. Можеме лесно да ги утврдиме приближните шанси базирани на вистински смртни случаеви што се случуваат секоја година поделени со целосната популација.
веројатноста
Многу од нас се грижат за смртта. Додека пак некои не ни помислиле. На пример, шансите да загинеме во сообраќајка се 1 во 7,000. Сите добро ги познаваме ризиците поврзани со возење; па сепак луѓето пак возат. Дали знаевте дека е 400 пати повеќе веројатно луѓето да умрат во несреќа со автомобил отколку да ги удри гром? Веројатноста дека овој потенцијален удар од гром ќе резултира со смрт, сепак, е 1 во 4 милиони. Дури и пешачењето е побезбедно од возењето на автомобил, со само 1 во 47,000 шанси да бидеме убиени. Па какви се шансите дека ќе бидете во авион кој ќе се урне? Веројатноста е 1 во 11 милиони. Се подлагате на многу поголем ризик од смрт возејќи до аеродромот отколку во самиот авион. Шансите да умрете во несреќа во воз се 1 во 142,000.

Шансите да бидете убиени од друг човек се 1 во 20,000, со 1 во 300 резултирајќи од оружје и 1 во 5,000 од давење. Дали знаевте дека 4,000 луѓе умираат годишно од несреќа од давење во вода? И дека тоа да се случи во вашата када шансите се 1 во 10,455?

Несреќи се случуваат постојано, и едноставно треба да го живееме животот денес, затоа што не знаеме што утрото може да ни донесе.

Share this Story
  • #Факти Едукативно Интересно

    Која е веројатноста?

    Живееме во несигурен свет. Никој не знае од овој ден до следниот што ќе се случи или што да очекува. Животот ...
Load More Related Articles
Load More By Irina Sm
Load More In #Факти

Facebook Comments

Check Also

#ГласамПротив Интересни илустрации од македонските дизајнери поврзани со моменталната политичка ситуација

Македонија е на прагот од една нова (политичка)раскрсница. ...