Responsive Leaderboard AD Area
Video, Интересно

Како изгледа да летате со авионска карта од 21,000 долари?

Веројатно многу од нас патувале со авион, на седиштата за економската класа. Седишта со неисправен телевизор, или седиште до некој што ужасно мириса.

Во денешно време, авионските компании ќе ти наплатат за буквално се во авионот. Сакате да понесете торбичка? 25 евра. Сакате екстра простор за нозете? 65 евра. Сакате да ви гарантираат седиште? 40 евра.

Сигурно сте замислувале како е да седите во прва класа во авион. Да ви сервираат шампањ, кавијар, да ви носат топли крпи, па можеби дури и бесплатни масажи?

Ова видео покажува како е кога ќе седите во прва класа. Некои од предностите се баш онакви какви што сте ги замислувале. Големо столче кое се издолжува во кревет, голем телевизиор, но некои од придобивките се и изненадувачки.

Па, што уствари добивате кога ќе потрошите 21,000 долари на седиште во авионските летови на Емиратите? Можете да видите во видеото дадено во прилог.

Share this Story
Load More Related Articles
Load More By Irina Sm
Load More In Video

Facebook Comments

Check Also

#ГласамПротив Интересни илустрации од македонските дизајнери поврзани со моменталната политичка ситуација

Македонија е на прагот од една нова (политичка)раскрсница. ...