Responsive Leaderboard AD Area
Едукативно, Интересно

Иднината можеби ќе биде без мамурлаци?

Врската на човештвото со алкохолот можеби е илјадници (дури и милиони) години стара, но тоа не значи дека не сме во тек на потрага да ги туркаме работите напред.
Особено кога се работи за мамурлак.

алкохол

Давид Нут, професор на Imperial College London во Англија, има патентирано 90 различни видови на синтетички алкохол . Така наречените “alcosynths” се алтернатива на традиционалниот алкохол, и Нут тврди дека го имитира ефектот на регуларниот алкохол, но не доаѓа со страшните главоболки и гадење.

Нут во интервју со “The Independent” кажа дека тој верува во алкосинтите и дека можат да го заменат алкохолот што го познаваме до 2050 година. Во додаток да биде “поздрава” опција за вашиот црн дроб и за срцето, Нут вели дека алкосинтите имаат достигнато граница, каде дејството достигнува максимум точка до четири или пет пијалоци и потоа е рамно. Спецификациите на формулата на Нут се сеуште тајни, но тој моментално е во процесот на тестирање на два од пијалоците.

Додека идејата изгледа дека ветува иднина без мамурлаци, продуктот е сеуште во повој, и нема добиено никакви фондации или поддршка од Одделот за Здравје.(Нут работел како советник за одделот за дрога, но бил отпуштен поради што кажал дека екстазите се помалку опасни од јавање на коњ.)

Ова не е првиот пат пијалок без мамурлак да биде претставен. На почетокот на оваа година Северна Кореја тврдеше дека измислиле таков пијалок употребувајќи женшен и лепкав ориз.

Share this Story
Load More Related Articles
Load More By Irina Sm
Load More In Едукативно

Facebook Comments

Check Also

#ГласамПротив Интересни илустрации од македонските дизајнери поврзани со моменталната политичка ситуација

Македонија е на прагот од една нова (политичка)раскрсница. ...