Responsive Leaderboard AD Area
Video, World, Едукативно, Интересно

Основачот на SpaceX открива интерпланетарен транспортен систем за да ги однесе луѓето на Црвената Планета

Елон Муск има амбициозни планови што одат во контрадикција на екипажот на НАСА и нивната мисија на Марс.

Црвената Планета

Основачот на SpaceX планира да ги прати луѓето на Црвената Планета  . За разлика од Американската вселенска агенција, која планира да постави Марсовска истражувачка станица која ќе биде составена од екипа на астронаути, Муск има визија дека милион луѓе ќе живеат на марс од 40 до 100 години.

Во негов говор даден во “International Astronautical Congress” во Гуадалараја, Мексико, Муск го откри својот план да прати флоти на вселенски бродови до Црвената Планета.

Тој го претстави Интерпланетарниот Транспортен Систем(ИТС) на SpaceX, кој може да префрли најмалку 100 луѓе до Марс по лет.

Се изјасни дека ИТС ќе има повеќе функционалности. Функционалности како хали за предавања, театар за филмови, и ресторан, што би можело да даде на патниците различно искуство од на астронаутите на Аполо. Тие биле збиени во мала капсула додека патувале до месечината.

Патот од Земјата до Марс е предвиден да одземе од 80 до 150 денови, зависно од периодот на годината.

Ако се оди според планот, ИТС чие производство е естимирано да чини 10 билиони, може да му помогне на човештвото да создаде трајна и самоодржлива колонија на Марс за само четири децении.

“Што јас навистина сакам да сторам е да го направам Марс да изгледа возможен – да направам да изгледа дека е нешто што можеме да го сториме во опсегот на нашите животи, и дека ќе може да се оди”, Муск кажа.

Билионерите имаат естимирано дека со моменталната технологија, една карта до Марс би чинела од прилика 10 билиони долари по личност.

ИТС вселенскиот брод и засилувачот најверојатно ќе лета десетици пати. Ова ќе може значително да ја намали цената на картите до разумна цена. Муск кажа дека оваа архитектура ќе може да ја симне цената до помалку од 200,000 долари, и дури под 100,000 долари.

Сеуште не е јасно како колонистите на Марс би живееле на Црвената Планета, но Муск се надева дека ќе го изврши првиот развој на вселенскиот брод што ќе ги однесе до Марс за четири години.

Еве целосно видео кое го прикажува Интерпланетарниот Транспортен Систем на SpaceX:

Share this Story
Load More Related Articles
Load More By Irina Sm
Load More In Video

Facebook Comments

Check Also

#ГласамПротив Интересни илустрации од македонските дизајнери поврзани со моменталната политичка ситуација

Македонија е на прагот од една нова (политичка)раскрсница. ...