Responsive Leaderboard AD Area
Едукативно, Интересно

Држави со највисока стапка на криминал во светот

Убиства, кражби, киднапирања. Секоја земја на планетата треба да се бори со тоа како е најдобро да се справи со темната страна на човештвото. Дали е со масивно затворање, рехабилитација, или со премногу остри казни, многу држави се имаат обидено да создадат стратегии со тоа како да се спречи криминалот.

1. Венецуела, криминална стапка 84.92
Венецуела од неодамна често ја прикажуваат на вести. Причината е што многу аналитичари го гледаат нејзиниот колапс кој се имаше создавано со години. Последнава декада, убиства, киднапирања, и наркотерористички активности се надвор од пропорција. Оваа земја е на патот да има стапка на убиства скоро 100 на 100,000, киднапирања(што се пријавени) еднаш на секои 6 часови, и насилството врз странски туристи и посетители е многу распространето. С.А.Д, Канада и Австралија силно ги советуваат туристите да не се мачат да одат.
криминал

2. Папуа Нова Гвинеја, криминална стапка 81.82
Една од земјите со најразличните култури на планетата, чудно е да ја видиме оваа земја на листата. Особено поради тоа што помалку од 20% од жителите живеат во градовите. Криминалот на домашно насилство и силување имаат земено драстичен чекор во оваа земја. Во некои помалку развиени места во земјата, јавните здравствени истражувања имаат изјавено дека стапката на силување може да оди високо до 65%, и домашно насилство врз жените до неверојатни 92%. На места кои што се повеќе урбани, стапката на насилство и силувања се пониски, но стапката на бандите е повисока.

3. Хондурас, криминална стапка 79.45
Хондурас е една од најсмртоносната земји на светот, со стапка на убиства 91 во 100,000. Како што е очекувано, трговија со оружје, дрога, и со луѓе преку границите исто има придонесено во големата криминална стапка на оваа земја.

4. Јужен Судан, криминална стапка 78.18
Како најмладата држава на оваа листа со само 5 години, очигледно е дека Јужен Судан не се справува баш најдобро. Додека статистиките на видот на криминал не се достапни во регионот, оваа земја ја има заслужено позицијата поради етничките судири, племенските расправии и практиката на брак со деца.

5. Јужна Африка, криминална стапка 77.49
Оваа земја има долга историја на криминал, кој се движи од контролирани воени приватни фирми до тој криминал што е типичен за сиромашните земји. Првичната слика е исклучително лоша, со 50 убиства на ден,  а стапката на киднапирањата на деца е околу еден на секои 5 саати.

Share this Story
Load More Related Articles
Load More By Irina Sm
Load More In Едукативно

Facebook Comments

Check Also

#ГласамПротив Интересни илустрации од македонските дизајнери поврзани со моменталната политичка ситуација

Македонија е на прагот од една нова (политичка)раскрсница. ...