Responsive Leaderboard AD Area
Едукативно, Интересно

Дали навистина употребувате 10% од мозокот?

Едноставниот одговор е: Не.

Овој мит е толку распространет што без прашања е прифатен како клучната точка во филмовите, мотивирачка тактика за подобрување на себе си, или оправдувања за некои работи за кои човекот е неспособен да ги направи. Анкета во 2013, испрашувајќи преку 2000 луѓе откри дека само 65% од испитаниците веруваат дека 10% теоријата е мит. Студија во 2007 година во Британскиот Медицински Весник, откри дека дури и некои доктори не биле имуни на заблудата. Вистината е дека секој користи 100% од мозокот.

Докажувањето на оваа идеја дека е погрешна е релативно лесно со модерната технологија. ПЕТ и МРИ скеновите покажуваат дека дури и кога спиеме, целината на нашиот мозок е активен до некое ниво. Нашите разгледувања на индивидуалните неврони или клетки откриваат дека нема неактивни делови во мозокот. Метаболички студии на клеточниот метаболизам во мозокот покажува конзистентна активност исто така. “Докази од студиите на мозочната штета, мозочните слики, локализација на функиите, микроструктуричките анализи, и метаболичките студии покажуваат дека луѓето употребуваат многу повеќе од 10% на мозокот”.”Ниеден предел на мозокот не е комплетно неактивен”.

Но како овој мит се проширил на прво место? И зошто до ден денес е распространет со познавањата кои ги имаме за тоа како работи мозокот?
мозокот
Атрибутите на започнувањето на митот се претпоставува дека доаѓаат од филозофот и психијатарот Вилијам Џејмс, кој во 1907 година напишал во “The Energies of Men“, “Ние ставаме во употреба многу мал дел од нашите возможни ментални и физички ресурси”. Тој веројатно мислел дека имаме неоткриен и непоттикнат потенцијал.

Децении подоцна, митот опстанал поради пријатната веројатност дека не го користиме целосниот потенцијал, и дава псеудо-научни објаснувања за границите на човечките можности.

Share this Story
Load More Related Articles
Load More By Irina Sm
Load More In Едукативно

Facebook Comments

Check Also

#ГласамПротив Интересни илустрации од македонските дизајнери поврзани со моменталната политичка ситуација

Македонија е на прагот од една нова (политичка)раскрсница. ...