Responsive Leaderboard AD Area
Едукативно, Интересно

Дали безбедното исфрлување на USB портот всушност прави нешто?

Дали ќе настане некаква штета само ако го извлечеме флеш драјвот? Зошто ни треба безбедно вадење воопшто?

Историски, оперативните системи (ОС) ги третирале дисковите како објекти што можат да им веруваат дека нема да ја променат состојбата наеднаш. Кога читаме или впишуваме фајлови, оперативниот систем очекува дека тие фајлови ќе бидат достапни и нема наеднаш да исчезнат сред читање или сред впишување. Ако е фајл отворен, програмата што го чита фајлот очекува дека ќе може да се наврати на него и да продолжи да го чита. Слично, командите за впишување можат да бидат испратени на впишувачка потпрограма и да бидат заборавени од главната програма. Ако драјв исчезне помеѓу времето на повикувањето на потпрограмата и податоците што се впишуваат на дискот, тие податоци ќе бидат изгубени засекогаш.
USB
Во постарите денови, имало формални процеси да физички можеш да монтираш или одмонтираш медиа за чување на податоци, и физичкиот акт на монтирање на касета или диск активирал некој механички прекинувач за откривање на отсуството или пристуството на медиумот. Откако механизмот бил ангажиран, софтверот можел да започне да го употребува медиумот(“нежно монтирање”). Некои медиуми дури имале механичко заклучување да спречат медиа да биде исклучена додека софтверското процесирање што го употребувал тој медиум го отпуштил заклучувањето.

Безбедното исфрлање ги прави следниве неколку работи:

  • Ги завршува сите активни пишувања на дискот.
  • Ги предупредува сите програми дека дискот ќе биде исфрлен, и да превземат соодветна акција.
  • Го предупредува корисникот кога програмите не успеале да превземат акција, и сеуште ги држат фајловите отворени.

Можете да го извадите дискот во секое време, но сте на милоста на тоа колку добро програмите што го употребуваат можат да се соочат со инстантното исчезнување на тој диск.

Во модерните компјутери, многу чекори се превземени за да можат податоците да се одбранат од безгрижното вадење на медиумите. На пример Windows направи функција наречена “Оптимизација за Брзо Вадење”, што се осигура дека податокот е запишуван брзо, наместо пишуван споро и ефикасно.

Share this Story
Load More Related Articles
Load More By Irina Sm
Load More In Едукативно

Facebook Comments

Check Also

#ГласамПротив Интересни илустрации од македонските дизајнери поврзани со моменталната политичка ситуација

Македонија е на прагот од една нова (политичка)раскрсница. ...