Responsive Leaderboard AD Area
Едукативно, Интересно

Чудни работи што еволуцијата ги има оставено во нашите тела

Ако не верувате во еволуција, сигурно трошите многу време во запрашување за бескорисните работи кои творецот ни ги има ставено во нашите тела. Зошто умниците не ни ги собира во нашата уста? Зошто ни треба слепо црево?

Одговорот е дека еволуцијата е невешт и несреден процес. Погледнете поубаво на вашето тело, и ќе видите некои бескорисни остатоци. Како…

Наежување
Има мало девојче што стои позади вас, со впиени очи и мртва експресија. Гледа директно накај вашата глава, и чека да се свртите. Сака да си играте заедно.
Дали осетивте лесна сензација на трнење на вашиот врат? Можно е да ја имате осетено исто и на рацете или на нозете. Како што веќе знаете, наежувањето најчесто се јавува кога сме исплашени или кога ни е ладно.

Но зошто? Сте виделе ли на животно со крзно како му се подигаат влакната? Епа тоа е истото. Наежувањето е предизвикано од мали мускули што се наоѓаат кај дупчињата на влакната на телото, што прави влакната да се подигаат и да прават мали издигнувања на кожата. Оваа функција повеќе не ни е потребна, но можеби била потребна на нашите предци. Влакната кај животните се подигаат кога се исплашени, обично за да изгледаат поголеми и посилни. Исто така кога температурите биле ниски, со ова наежување поефикасно се греело телото.
Чудни работи

Auriculares Muscles или мрдањето на ушите
Дали можете да ги мрдате ушите? Ако можете, ја имате способноста што скоро 85% од светското население ја нема. Мускулите што го контролираат тоа мрдање се нарекуваат  Auriculares Muscles кои го опкружуваат надверошното уво (делот што не го гледаме). Покрај тоа што можете да ги импресионирате другарчињата во школскиот двор, од тоа сме немале некоја вистинска корист.

Но тоа не било секогаш така. Благодарение на Auriculares Muscles, нашите уши правеле некои неверојатни работи во минатото. Некои цицачи можат да ги мрдаат ушите за да го посочат звукот од каде доаѓа. Ова е специфично важно за мали животни кои немаат добар видик на нивното опкружување, затоа што се блиску до земјата. Нашите примитивни предци имале корист од ова мрдање на ушите исто така, но ја изгубиле потребата поради тенденцијата да се движат во групи.

Умниците
Немаме место за умниците затоа што примитивните луѓе имале поголеми вилици, што им овозможувало полесно џвакање на растенија.

Слепо црево
Исто и за слепото црево, кое помагало во полесно варење на растенијата кои за денешните органи кај луѓето е невозможно нормално да се сварат.

Share this Story
Load More Related Articles
Load More By Irina Sm
Load More In Едукативно

Facebook Comments

Check Also

#ГласамПротив Интересни илустрации од македонските дизајнери поврзани со моменталната политичка ситуација

Македонија е на прагот од една нова (политичка)раскрсница. ...