Responsive Leaderboard AD Area
Едукативно, Интересно

10 дневни навики што го забрзуваат стареењето

Дали изгледате постаро од што сте? Покрај генетиката, постојат многу фактори што придонесуваат за изгледот на вашето лице и тело.
Неколку фактори, кои се едни од најважните што го забрзуваат процесот на стареењето се следниве.

1. Диети со малку маснотии
стареењето
Да ги спречите брчките, важно е да внесувате омега-3 масни киселини, што и помагаат на кожата да остане еластична и мазна. Диетите со ниско ниво на масти не спречуваат од овој компонент, предизвикувајќи предвремено стареење на кожата.

2. Пиење од цевка

Кога пиете течности од цевка, морате да ја соберете устата што може да предизвика линии и брчки да се формираат околу устата. Истото важи и за пушењето цигари. Пробајте да пиете директно од чашата, а ако сте пушач пробајте да се откажете. Тоа може да е долг и тежок процес, но придобивките од откажувањето на цигари се огромни.

3. Спиењето на страна

Спиењето на страна, со вашето лице притисната на перницата ги покачува шансите да се појават брчки на образите и брадата. Експертите велат дека спиењето на грб е најдобрата позиција да останете млади, освежени и одморени.

4. Лошо држење на телото

Лошото држење на телото го скршнува вашиот рбет од нормалната позиција, и како резултат на тоа мускулите и коските стануваат абнормално напнати. Овие штети резултираат во болки и измерност што често предизвикуваат предвремен деформитет.

5. Користење на креми со заштитен фактор само на одмор

Преголемото изложување на УВ зраците се главната причина за предвремено стареење на кожата. Да се заштитите себе од острите ефекти на сонцето, важно е да ја носите вашата крема со протекција од УВ зраци дури и кога е облачно, затоа што облаците блокираат само 20% од УВ зраците.

6. Преголемо користење на вашиот систем за греење

Прекумерното користење на вештачкото греење го прави воздухот во просторијата многу сув. Вашата кожа и коса постануваат суви исто, и вие добивате повеќе брчки како резултат на тоа. Пробувајте топлината да е на помало ниво во вашето живеалиште.

7. Кажувањето “НЕ” на шеќерот

Сите знаеме дека шеќерот не е добар за нас, но исто така не е ни стресот. Затоа понекогаш морате да се почастите себе и да се предадете на благото ако тоа ве направи среќни.

8. Гледање прекумерно телевизија

Една студија има откриено дека за секој час што го трошите во гледање на ТВ, вашиот живот се скратува за 22 минути. Експертите препорачуваат за секое гледање на телевизија, или седење на компјутер, да станувате на пола час за прошетка.

9. Дефицит од спиење

На возрасните им треба најмалку 7 часа сон секоја вечер. Недоволното спиење не само што резултира да изгледате изморени, исто така го скратува и вашиот живот. Експертите препорачуваат да легнувате да спиете порано ако имате дефицит на енергија, ментална забавеност, или покачување на килажата.

10. Стрес поради недостаток на организација

Неколку студии имаат покажано дека хроничниот стрес предизвикува сериозно оштетување на клетките, кои можат да го забрзаат процесот на стареењето. Не се заглавувајте, заборавете ја изреката “оставете за утре тоа што можете денес“, и пробајте да ги извршувате работите на време.

Share this Story
Load More Related Articles
Load More By Irina Sm
Load More In Едукативно

Facebook Comments

Check Also

#ГласамПротив Интересни илустрации од македонските дизајнери поврзани со моменталната политичка ситуација

Македонија е на прагот од една нова (политичка)раскрсница. ...