Responsive Leaderboard AD Area
Video, Едукативно, Интересно

Зошто мачињата нè притискаат со шепите како да нè масираат?

Ако сте љубител на мачки, шансите се големи дека вашиот миленик ви има дадено масажа со нивните ритмични, мали шепчиња.

Колоквијално кажано “правење бисквити”, притискањето (на англиски kneading) е често кај малите мачиња, a исто и кај големите мачки – но експертите за животни кажуваат дека всушност не знаат зошто точно го прават тоа.
мачињата нè притискаат

Научниците имаат неколку теории, некои кои се наведени од SciShow’s Hank Green во видеото во прилог. Една теорија е дека вашето маче пробува да си ја означи територијата – да, таа “територија” сте вие – со нивната миризба во шепите. Друга теорија е дека притискањето е особина од кога биле малечки, и им останала во зрелоста. Малите мачиња го притискаат стомакот на нивните мајки да стимулираат продукција на млеко – и дека тој акт е скоро идентичен со тоа чудно масажерче во вашиот скут.

Грин потенцира дека домашните мачки притискаат со шепите, додека дивите мачки не. Тој изјавува дека тоа е така поради фактот што куќните мачки биле одбрани преку илјадници години за нивните социјални, пријателски особини. Додека е понекогаш болно или ништожно, притискањето на сопственикот е дефинитивно особина на љубов, начин да ви кажат дека се чувствуваат пријатно и безбедно.

Share this Story
Load More Related Articles
Load More By Irina Sm
Load More In Video

Facebook Comments

Check Also

#ГласамПротив Интересни илустрации од македонските дизајнери поврзани со моменталната политичка ситуација

Македонија е на прагот од една нова (политичка)раскрсница. ...