Responsive Leaderboard AD Area
Едукативно, Интересно

Животот под стрес, и како да се намали

Стресот е еден од првите причинители на намалување на имунитетот кај луѓето во модерниот свет. Со тоа носи неочекувани болести, промена на карактер и расположение. Постојат начини на кои што може да го намалите нивото на стрес во вашето тело, па дури и целосно да го отстраните. Неважно е колку физички или психички e тешка вашата работа, постојат опции како да го исфрлите стресот од вашиот живот, и да живеете во хармонија. Следниве чекори ќе ви помогнат во остварување:

1. Намалете ја конзумацијата на алкохол и на цигари

Како што ни е на сите познато, алкохолот и цигарите ни прават огромна штета на нашето тело, и се големи причинители на покачување на стресот. Со алкохолот се оштетуваат мозочни ќелии и ни се меша во крвотокот , со што го истоштува и изморува телото непотребно. Имунитетот на телото пробува да се избори со отровите и да се врати во нормална состојба, со што ја троши целата енергија на опоравување, и вие затоа се чувствувате стресно. Цигарите добро познато го трујат организмот со различни опасни материи кои што се наоѓаат во нив. Со претерана конзумација го оптеретувате телото, вашите дишни патишта се стеснуваат, осетот за мирис се намалува, и ризикот за смртоносни болести се накачува.

Alcohol&Cigarettes

2. Правете почесто прошетки

Уживајте во денот! Прошетките помагаат на намалување на стресот, како и секоја физичка активност. Вдишувањето на чист воздух и смирувањето на мислите.

3. Одете почесто боси

Кога е потопло времето неносењето на обувки прави разлика на начинот на кое што вашето тело ќе се чувствува. Природен лек за смирување на телото, чувството на леснотија, чувството на слобода.

4. Тренирајте

Тренингот е голем фактор за намалување на стресот. Ако тренирате од 2 до 5 пати неделно, вие ќе се чувствувате посреќни, повеќе исполнети, ќе бидете мотивирани и ќе имате поголема желба за остварување на вашите цели во животот. Вашата самодоверба ќе се подигне, како и вашето либидо. Нашето тело природно испушта ендорфини, кои помагаат во губење на тензијата и стресот во телото. Исто така го забрзува крвотокот до виталните органи во телото, како и во мозокот. Го опушта телото и духот.

5. Медитирајте

Медитацијата го опушта телото, и ги смирува мислите. Не многу луѓе ја применуваат, но медитацијата сама по себе врши чуда. Постои изрека: “Стишете ги мислите, и душата ќе проговори”

6. Смејте се почесто

Смеењето испушта природни анти депресиви кои што му помагаат на телото да се чувстува посреќно и поживо во наредните 24 часа, додека пак правењето на љути гримаси го става вашето тело под стрес 4 часа. Дури и смеењето на сила ја врши истата функција како и природната насмевка.

7. Слушајте музика

Музиката која што е жива и енергична, со весел текст е докажано дека прави промена во расположението на луѓето кон подобро

8. Исхранувајте се поздраво

Избегнувајте храна која што е висока во масти и шеќер. Храната висока во масти го накачува холестеролот во крвта, кој што предизвикува ризик од срцеви заболувања, стрес, анксиозност и депресија. Јадете повеќе овошје и зеленчук.

9. И за крај, водете дневник

Водете дневник каде што ќе ги запишувате дневните случки, вашите чувства, вашиот однос спрема луѓето и храната која што ја внесувате. Ќе се чувствувате повеќе организирани и како животот да е под ваша контрола.

Share this Story
Load More Related Articles
Load More By Irina Sm
Load More In Едукативно

Facebook Comments

Check Also

#ГласамПротив Интересни илустрации од македонските дизајнери поврзани со моменталната политичка ситуација

Македонија е на прагот од една нова (политичка)раскрсница. ...