Responsive Leaderboard AD Area
Интересно

Восхитувачката убавина на Цветниот фестивал на килими во Брисел

Белгија е земја која е богата со бегонии. За да ја покажат нивната убавина, Брисел го организира Фестивалот на цветни килими кој датира уште од 1971. Најдобрите градинари од Гент доаѓаат во Grand Place, централниот плоштад на градот и прават цветен килим токму на калдрмата на плоштадот, кој е долг неколку илјади квадратни метри.

%d0%ba%d0%bb%d0%b8%d0%bb%d0%b8%d0%bc1

cvetenkilim2

Самите граѓани и гостите во главниот град на Белгија можат да уживаат во прекрасниот поглед токму од балконот на општината на градот. Традиционално, фестивалот трае 4 дена.

cvetenkilim3

Потребни се 2 години за да се испланира и дизајнира цветниот килим. Вообичаено се потребни околу 4 часа, илјадници искусни градинари и уште толку ентузијастични волонтери кои ќе го наредат наменетиот дезен.

cvetenkilim4

Секоја година, цветната композиција има различна тема. Во минатите години, централниот плоштад во Брисел бил декориран со килими во чест на Моцарт, градината во Версај, Средниот Век и алхемијата, Арт Нуво и Африка.

cvetenkilim6

Во 2016, дизајнот е посветен на 150-годишнината на пријателство помеѓу Белгија и Јапонија, и за дизајнот биле искористени околу 60.000 бегонии на скоро 1950 квадратни метри. Овој пат, дизајнерите ги употребиле класичните белгиски и јапонски стилови, а дизајнот на килимот ги отелотворува четирите годишни времиња.

cvetenkilim8

Отворањето на церемонијата беше означено на 12-ти август во придружба на „Мадам Батерфлај“ од Џакомо Пучини. А, фестивалот заврши на 16-ти август со прекрасен огномет токму над килимот.

cvetenkilim9 cvetenkilim10

Share this Story
Load More Related Articles
Load More By Sofija Sion
Load More In Интересно

Facebook Comments

Check Also

#ГласамПротив Интересни илустрации од македонските дизајнери поврзани со моменталната политичка ситуација

Македонија е на прагот од една нова (политичка)раскрсница. ...