Responsive Leaderboard AD Area
Интересно

Топ 6 филмови посветени на најверниот пријател на човекот – кучето

Кучињата освен што се најмилите суштества на планетава (извинете љубители на мачки) очигледно нив ги бива и да бидат одлични актери. А, ние навистина сакаме добар филм со кучиња. Следува ден хорор и неколку топли приказни кои ќе ве натераат да го прегрнете вашето куче.

Ова се најдобрите филмови за кучиња:

1. Beethoven

betoven

Класичниот филм од 1992 нѐ запозна со бернардинецот кој сите веднаш го засакавме. Иако по првиот дел следеа уште 8 такви филмови, како и анимирана тв серија, сепак првиот филм ќе остане запаметен засекогаш. Иако доби мешани критики, филмот беше успешен во бокс офисот и денес сѐ уште е еден од најкласичните филмови за кучиња во кој огромен број фамилии уживаат.

2. Marley and me

marley-and-me

Во оваа топла приказна за кучето Марли, добро познатите Џенифер Анистон и Овен Вилсон толкуваат двојка која земаат куче како вежба за имање деца во иднина. Но, Марли ќе стане вистински предизвик, можеби поголем и од дете, но на крајот, тој ќе им помогне да поминат низ тешките моменти и ќе ги разубави добрите. Прекрасен филм кој секој треба да го погледне барем еднаш, ако не и 10 пати.

3. Cujo

cujo

Ако Бетовен ве натера да ги засакате бернардинците, Cujo ќе направи да се плашите од нив. Станува збор за нежно и слатко кученце кое ќе биде каснато од лилјак кој е инфициран од беснило. Филмот е сето она што би се очекувало од класична макабр хорор приказна од Стивен Кинг, по чиј роман од 1981 филмот е базиран.

Иако филмот не доби баш најдобри критики, нити пак постигна успех во бокс офисот, сепак тој ја прогона публиката на начин како и многу други прекрасни хорор филмови – преку тоа што направи смртно да се плашиме од она што навидум ни е познато.

4. Iron Will

iron-will

Авантуристички филм за човек кој влегува во трка со кучиња откако неговиот татко случајно умира и го остава семејството без пари за да ја спасат нивната фарма, филмот ја прикажува силниот дух и издржливоста на луѓето и кучињата. Вил Стоунмен и неговиот тим од кучиња се соочуваат со ужасно ниски температури и физичко исцрпување за време на нивната борба да победат во трката од Винипег до Сент Пол. Филмот имаше среден успех и добри киртики.

5. My dog Tulip

my-dog-tulup

„Бидејќи немаат способност меѓусебно да се сакаат, Англичаните природно се обраќаат кај кучињата.“ – Оваа реченица, напишана од Ј.R. Ackerley е водечката сила зад анимираниот филм My dog Tulip. Филмот е базиран на мемоарите од Ackerley кои ја опишуваат силната врска помеѓу писателот и неговото куче Квини (кое и во книгата и во филмот се вика Тулип). Филмот е наменет за возрасни бидејќи обработува сериозни теми, но тој е топол филм кој ќе ви ја омекне душата и ќе ве насмее бидејќи ќе ве потсети како навистина изгледа да имате куче.

6. Hachi – A dog’s tale

hachi

Базиран на вистинска приказна за верното Акита Ину кученце, уште познато под името Хачико, филмот е римејк на јапонскиот филм Хачико од 1987. Станува збор за еден професор (толкуван од Ричард Гир) кој го присвојува Хачико како свое куче. Секој ден, во точно исто време, Хачико го пречекуваше својот сопственик на железичката станица и двајцата заедно си одеа дома. Но, еден ден професорот умре, а кучето следните 9 години се појавуваше на истото место, чекајќи го својот сопственик да дојде. Филмот е доказ колкава љубов, посветеност и лојалност е спремно кучето да покаже кон својот сопственик.

Share this Story
Load More Related Articles
Load More By Sofija Sion
Load More In Интересно

Facebook Comments

Check Also

#ГласамПротив Интересни илустрации од македонските дизајнери поврзани со моменталната политичка ситуација

Македонија е на прагот од една нова (политичка)раскрсница. ...