Responsive Leaderboard AD Area
#Факти, Едукативно, Интересно

Топ 5 најдолги имиња на области во светот

Светот е навистина чудно и волшебно место полно со убавини, насмевки, и некои навистина чудни области со имиња како “Virgin Street” до “Bucket of Blood Street”, и некои кои навистина ќе ги предизвикаат вашите белодробни моќи. Тука ќе ги погледнеме најдолгите имиња на области во светот, но ќе ве замолиме за ваша безбедност да земете голема чаша вода и длабок здив пред да се обидете да ги изговорите.

најдолги имиња

5. Azpilicuetagaraycosaroyarenberecolarrea
Петото место го држи Шпанија со оваа област составена од 39 букви. Лоцирана во Азпилкуета, Навара, таа е позната како “The low field of high pen of Azpilkueta”. Навара е еден од најзелените региони во Европа, со повеќе од 70% од струјата која ја земаат од обновливите извори, и долго време била гледана од страна на Европската Унија како идеалниот исход за цела Европа.

4. Tweebuffelsmeteenskootmorsdoodgeskietfontein
Оваа област, составена од 44 букви, го опфаќа четвртото место на листата од најдолги имиња во светот. Лоцирана е во Северно-Западната провинција во Јужна Африка. На Африкански јазик значи “Пролетта кога два биволи беа јасно убиени со еден куршум”, и ја држи титулата на најдолгото име на област со еден збор во Африка. Музичарот  Антон Гусен  има песна именувана “Tweebuffelsmeteenskootmorsdoodgeskietfontein”, на неговиот албум во 2014 година, со име “Putonnerwater”. Јужнo Африканците веројатно ги обожуваат нивните долги имиња на места. Исто така имаат и помало име на област “Bovenendvankeelafsnysleegte”, фарма во “Upper Karoo” , иако не се наоѓа на оваа листа, сепак е импресивно.

3. Chargoggagoggmanchauggagoggchaubunagungamaugg
најдолго име

На трето место е оваа област со 45 букви, која се наоѓа во С.А.Д, езерото “Chaubunagungamaug”. Скратеното и почестото име на оваа убава локација е лоцирана во Вебстер, Масачусетс. Доаѓајќи од “Nipmuck” јазикот, означува “Место за ловење риба на границите-Неутрално место за средба”, и е најдолгиот официјален збор за област во С.А.Д.

2. Llanfair­pwllgwyngyll­gogery­chwyrn­drobwll­llan­tysilio­gogo­goch
Најдолги имиња

Второто место го држи ова место со дури 58 букви, која се наоѓа блиску до “Wales”.  Исто така е познато како “Llanfair PG” или “Llanfairpwll”. Ова е најдолгото име на област во Европа, што многумина веруваат дека ја држи и светската титула. Ланфаир ПГ е на Велшки “Црквата Света Марија во шуплината на белата леска близу вителскиот вир на црквата Свети Тусилио со црвена пештера”. За сите што размислуваат како да го изречат ова, “Blackadder”  се изјасни најдобро, ” Ви треба пола пивце на флегма во вашето грло за да ги изговорите овие имиња”.

1. Taumatawhakatangihangakoauauotamateaturipukakapikimaungahoronukupokaiwhenuakitanatahu
На првото место се наоѓа област во Нов Зеланд, со неверојатни 85 букви! Таумата, скратена верзија од ова име, е лоцирана на северниот дел од островот. На Маорски значи “Сумитот каде Таматеа, мажот со големи колена, качувачот на планини, земјо-голтникот кој патувал, ја свирел неговата флејта на неговата љубена”. Ова е, според Гинесовата Книга на Рекорди, официјално првото најдолго име во светот. Таумата се појавува во многу песни и популарни култури вклучувајќи го “The lone Ranger”.

Share this Story
Load More Related Articles
Load More By Irina Sm
Load More In #Факти

Facebook Comments

Check Also

#ГласамПротив Интересни илустрации од македонските дизајнери поврзани со моменталната политичка ситуација

Македонија е на прагот од една нова (политичка)раскрсница. ...