Responsive Leaderboard AD Area
Едукативно

Што треба да направите 15 минути пред да влезете на интервју за работа?

Оние 15 минути пред интервју можат да бидат навистина страшни, особено за оние луѓе кои не знаат како правилно да го искористат тоа слободно време.

„Тие 15 минути се вашата шанса да се натерате себеси да размислувате правилно, да се фокусирате на работодавачот, што сакате тој да запомни за вас и што сакате да го прашате и правилно да ја насочите енергијата.  – вели Дебора Шејн, професионален брендинг стратегист и автор на книгата „Career Transition“.

Ова се 15-те нешта кои треба да ги направите 15 минути пред да влезете на интервју за работа:

intervju1

1. Пристигнете порано, но не влегувајте

Многу нешта можат да тргнат наопаку ако задоцните на интервју за работа. Затоа, секогаш е најдобра идеја да бидете малку порано од она што треба.

Експертите предлагаат 10 до 15 минути порано од закажаното време.

„ Но, за тоа време не влегувајте на интервју, бидејќи постои можност да му наметнете непотребен притисок на оној кој ве интервјуира и самиот состанок да почне лошо. “ – вели Давид Парнел, правен советник, комуникациски тренер и автор на книгата „The Failing Law Firm: Symptoms and Remedies“.

Рита Фридман, тренер за кариера од Филаделфија вели: „Никако не треба да влегувате во зградата каде што е состанокот повеќе од 10 минути пред интервјуто. Тоа може да изгледа како наметнување – како да очекувате дека оној кој ве интервјуира треба да престане со она што го прави и да ви се посвети Вам.“

2. Останете смирени

Кога сте под стрес, вашето тело испушта стрес хормони како кортизол и епинефрин. Во зависност од нивото на стрес, овие може малку или навистина многу да ви ја нарушат способноста за јасно размислување. – вели Парнел.

„Осигурувањето дека ќе останете мирни, собрани и спремни во минутите пред интервју се особено важни за да го избегнете овој хормонален еликсир и да останете фокусирани на целта.“

Анита Атриџ се сложува со ваквата изјава. Таа тврди дека останувањето смирен пред и за време на интервју дава можност подобро да слушате и да останете фокусирани на тоа како најдобро да одговорите на прашањата.

„Исто така, имате можност подобро да размислите за тоа како најдобро да ги презентирате вашите достигнувања и да ги искомбинирате со она што му е важно на оној кој ве интервјуира. А, можноста да останете смирени исто така докажува дека знаете да се носите со стресни ситуации.“

3. Дишете

Ова ќе ви помогне да останете смирени.

„Броењето на здивовите е една од најбрзите и највлијателни техники за смирување на нервите“ – вели Парнел. „Едноставно фокусирајте се на дишењето и бројте го секое дишење сѐ додека не стигнете до 10, а потоа повторете ја постапката.“

4. Прегледајте ги белешките накратко

Атриџ предлага да напишете неколку белешки пред интервјуто. Таквите белешки треба да содржат клучни информации какона пример имињата на луѓето кои ве интервјуираат, наслови и врски со позицијата. Исто така вклучете одговори на прашања, кои се надевате дека нема да ве прашаат за помалку да се грижите за нив. И најважно, вашата презентација кога ќе ве прашаат „Кажи ни малку за себеси.“

„Првите 15 минути пред да влезете на интервју искористете ги за да ги прегледате ваквите белешки. Не сакате да влезете во зградата барајќи го Димитар, а човекот се вика Дарко. “ – вели Фридман.

5. Но, не правете дополнителни истражувања

До сега веќе би требало да сте готови со истражување, подготвување и пробување. Ова не е моментот што треба да користите гледајќи во телефонот барајќи ги неодамнешните постигнувања на фирмата или извештаи за плата. Гледањето големи проекти во последен момент е добар начин погрешно да интерпретирате клучни информации. Во превод, не ги користите последните 15 минути пред интервјуто за да пронајдете некоја важна информација. Тоа може само да ве збуни и да ве исфрли од баланс.

6. Не го проверувајте говорното сандаче или имејлот

Може да слушнете или прочитате нешто што ќе ве размрда. Ќе ви го оттргне вниманието и ќе ве исфрли од баланс – а тоа е едно од најлошите нешта што може да ви се случат. Затоа, најпаметно е телефонот да остане во џеб, а белешките пред вас.

7. Одлучете се на 1 до 2 работи по кои сакате да бидете запомнети

Дали тоа се вашите вештини за комуникација? Вештини на проект менаџер? Знаење? „Фокусирањето на само неколку нешта кои ќе влијаат врз можноста подобро да ве запомнат и да им се допаднете е паметен пристап на интервјуто.“ – вели Шејн.

8. Престанете да вежбате

Ова клучно време е лоша идеја за претерано подготвување или вежбање на одговори што може да направи вашиот разговор да изгледа како по сценарио и неавтентично т.е. лажно. „Сакате да ги знаете работите, но запомнете дека интервјуто е разговор. Верувајте си себеси дека го знаете она што го знаете и дека интервјуто ќе си заземе свој тек.“ – вели Шејн.

9. Организирајте ја торбата

“Осигурете се дека лесно може да ги извадите копиите од вашето резиме без да барате многу или да ви излетаат некои лични предмети.“ – предлага Фридман.

„Не сакате да изгледате неорганизирано додека ги презентирате вашите квалификации.“

10. Погледнете се во огледало

Стрчнете до тоалетот за да се проверите како изгледате. „Можеби сте излегле изгледајќи совршено, но можеби сте пристигнале како вагабонт.“ – вели Фридман.

Ова е одличен момент да ги измиете рацете и да се осигурете дека вашите нокти се чисти и вашите дланки се суви. Ако носевте удобни чевли и планирате да облечете други, направете го тоа додека сте во тоалетот, а не во канцеларија.

11. Однесувајте се љубезно кон сите рецепционери и обезбедувањето

Кога конечно ќе влезете во чекалната пред канцеларија, запомнете дека мора да бидете љубезни кон рецепционерите, обезбедувањето или било кој друг што ќе ве поздрави. „Постои голема веројатност дека тој или таа ќе му каже на шефот за вашето однесување“ – вели Фридман.

12. Внимавајте на вашето држење

Додека чекате да влезете, седнете во било која “поза на моќ“ . Така ќе изгледате многу посамоуверено и посмирено.

13. Забележете што се случува околу вас

Слободно набљудувајте каква е околината на канцеларијата, што има на ѕидовите и какви потсетници и спомени има. „Тоа ќе ви даде добра слика за она што ѝ е важно на компанијата.“ – вели Атриџ.

14. Осигурете се дека дланките ви се суви и празни

Секоја секунда, оној кој ве интервјуира ќе излезе да ве поздрави. Тој или таа сигурно ќе сака да се ракувате (Ако тие не го направат тоа, тогаш вие треба!). А, кога ќе дојде ваквиот момент никако не сакате дланките да ви бидат испотени или оној кој ве интервјуира да ве чека додека ја ставите чантата на вас или да го тргнете телефонот.

Затоа, додека чекате, држете ги дланките празни. Ако морате, измијте ги со ладна вода (и исушете ги) додека чекате. Исто така, не држете ја чантата, актовката, или телефонот додека работодавачот се приближува. Оставете ги рацете да ви бидат слободни за да може да се ракувате без непријатни задоцнувања.

15. Размислувајте позитивно

Ова можеби звучи како клише, но позитивното размислување прави да се насмеете и да се чувствувате добро. А, токму тоа ви е потребно пред да влезете на интервју.

Share this Story
Load More Related Articles
Load More By Sofija Sion
Load More In Едукативно

Facebook Comments

Check Also

Европа vs. Македонија

Живеењето во Македонија, верувале или не, може да ...