Responsive Leaderboard AD Area
Едукативно

Што се случува со организмот кога пребрзо јадете?

Варењето започнува уште во устата, па затоа брзината со која јадеме е многу важна. Многу луѓе јадат пребрзо, а таа навика може да предизвика проблематични последици во организмот.

Луѓето кои брзо јадат, земаат преголеми залаци и брзо голтаат, па плунката и ензимите не успеваат да ја „подмачкаат“ храната и да ја поделат на помали делови пред да стигне во желудникот. Исто така, кога јадеме брзо, голтаме многу воздух може да предизвика надуеност и гасови.

Но, пред сѐ, една од најлошите последици на брзото јадење може да биде големо чувство на непријатност, проблеми со варењето и појава на рефлукс – своевидно враќање на храната и желудочните сокови назад во хранопроводот.

Уште еден проблем кој може да се јави од пребрзо јадење и што може да предизвика здебелување е јадењето повеќе отколку што ни треба за да бидеме сити.

Кога храната влегува во устата, телото им сигнализира на цревата дека храната патува, а кога ќе изедеме доволно, желудникот му сигнализира на мозокот дека е време да престанеме да јадеме.

Меѓутоа, ако јадете пребрзо, ќе ги пропуштите тие сигнали, но ако забавите мозокот ќе има доволно време да ги прими сигналите и да престанете да јадете кога ќе сфатите дека сте сити.

А, ова се 4 совети кои ќе ви помогнат да јадете побавно:

hrana1

1. Јадете низ целиот ден

Оваа навика бара планирање, но е особено важен чекор. Водите сметка за тоа да ги јадете сите редовни оброци и меѓуоброци т.е. вашата исхрана да се состои од урамнотежен внос на белковини, влакна и масти. Никогаш не оставајте да поминат 3 или 4 часа без да не јадете нешто. На тој начин ќе ги контролирате знаците на глад и никогаш нема да бидете претерано гладни.

2. Избегнувајте да јадете од на нога

Ако јадете од на нога исто така може да ги зафркнете сигналите на ситост. Освен тоа, шансите да изедете нешто што не е баш хранливо се поголеми. Додека јадете треба да се фокусирате само на тоа бидејќи така ќе внимавате колку јадете и што јадете.

3. Избегнувајте нешто да ви смета додека јадете

Мислиме на телевизорот, скролање по телефонот и одговарање на мејлови. Издвојте 15 минути и јадете на раат.

4. Користете ги сетилата

Измеѓу јадење, спуштете го приборот за јадење и фокусирајте се на вкусот, мирисот и дури звукот на храната за тоа како се чувствувате додека јадете одредена храна. Јадењето треба да биде процес во кој уживаме, а кога ќе се фокусирате со сите ваши сетила на тоа, ќе јадете побавно и максимално ќе уживате во секој залак.

Share this Story
Load More Related Articles
Load More By Sofija Sion
Load More In Едукативно

Facebook Comments

Check Also

Европа vs. Македонија

Живеењето во Македонија, верувале или не, може да ...