Responsive Leaderboard AD Area
Uncategorized

Што можете денес да направите за утре да се разбудите порано?

Како што веќе знаете, раното станување може да ве направи многу поуспешни. Така ќе имате време да завршите она што имате за работење со помалку попречувања од семејството и колегите и доволно време да одржите една тренинг сесија пред да ви започне денот. Но, сепак многу луѓе се мачат со пронаоѓање ефективни трикови за да станат од креветот и да се впуштат во утрото.

За таквите луѓе, се надеваме дека нашата листа ќе ви помогне:

stanuvanje1

1. Ставете го телефонот или алармот на другата страна од собата

Едно истражување покажува дека голем дел од Американците спијат со телефоните до нив. АКо го користите вашиот телефон како будилник, тогаш многу полесно е да стегнете снуз или да го исклучите алармот. Но, ако алармот е на другата страна од собата, тогаш ќе мора да станете и да се раздвижите – а со тоа и ќе се разбудите.

2. Ограничете го вносот на кафе во доцното попладне и во вечерните часови

Некои луѓе се исклучиво чувствителни на кофеин и не разбираат дека причината поради која не може да заспијат навечер е кафето.

Едно истражување открива дека консумирањето на 400 милиграми кофеин, дури и 6 часа пред спиење има моќ да го наруши квалитетниот сон. Истражувачите советуваат луѓето да го ограничат вносот на кофеин најдоцна до 5 часот попладне.

3. Имајте нешто на што ќе се радувате

Ако единственото нешто што го имате планирано за утрото е да се истуширате и да трчате до канцеларија, тогаш не е ни чудо што не можете да најдете мотивација да станете од креветот. Токму затоа мора да најдете што ќе ве возбудува и што ќе ве тера да станете. Ако не, тогаш спиењето секогаш ќе ви биде поомилена опција. Затоа, одвојте време и пред да си легнете напишете 5 работи кои сакате да ги завршите следниот ден.

4. Наместете аларм за легнување

За да се будите порано, треба да местите аларм и за легнување, но и за станување. Алармот за спиење нема да ве тера веднаш да облечете пижами, но ќе ве спречи во било каквата не-спиечка активност што моментално ја правите – како на пример скролање по социјалните мрежи.

5. Започнете вечерна рутина која ќе ви помогне да заспиете

Создадете вечерен ритуал во кој уживате и кој ви помага да заспиете. Тоа може да бидат неколку страници од омилената книга, тивка и смирувачка музика, лесен филм и сл.

6. Пријавете се на утринска активност

Пријавете се на утрински час, нешто што ќе бара ваше постојано присуство и ако сте навистина заинтересирани, тогаш многу полесно ќе ви биде да станете. Веќе кога имате план, тогаш е многу полесно да го проследите. Исто така, часот треба да биде со плаќање, бидејќи истражувањата покажуваат дека трошењето пари е добра мотивација за многу луѓе.

7. Наместете го апаратот за кафе за времето кога планирате да станете

За да создадете квалитетна утринска рутина, сосема добра идеја е да го наместите тајмерот на апаратот за кафе во времето кога треба да станете. Пријатната арома на свежо приготвеното кафе ќе ве натера да станете и да истражите од каде доаѓа убавиот мирис. Исто така, самата арома на кафе има моќ да ве разбуди. Или барем така тврдат истражувањата.

8. Намалете го времето кое го поминувате онлајн навечер

Ние сме почувствителни на вештачка светлина и компјутерски екрани отколку што мислиме, затоа тргнете се настрана од екрани и светли околини 3 до 4 часа пред да си легнете. Истражувањата предлагаат дека гледањето во бела и сина светлина емитирана од дигитален екран го спречува мозокот од испуштање на мелатонин – хормонот кој му кажува на телото дека е време за спиење. Затоа е потешко да заспиете и да останете заспиени, што значи уште потешко да се разбудите чувствувајќи се наспани.

9. Испијте чаша вода пред спиење

Пиењето на полна чаша вода пред спиење е одлично бидејќи ќе мора да одите во тоалет сабајле кога ќе станете. Пиењето на 300 мл вода ќе ве натера да се разбудите во точно 7 часот наутро – барем така вели еден корисник на страната Quora.

Share this Story
Load More Related Articles
Load More By Sofija Sion
Load More In Uncategorized

Facebook Comments

Check Also

Зошто копчето Snooze ни дава точно уште 9 минути сон?

Дури и во раните утрински часови, кога повторливо ...