Responsive Leaderboard AD Area
Едукативно

Што би сакале професорите да им кажат на своите ученици, а знаат дека не смеат?

За да го одржат редот во училницата и за да ја задржат својата работа, постојат работи кои професорите не смеат да им ги кажат на своите ученици. Но, некои од овие нешта кои се можеби контроверзни, можат да бидат од голема помош за младите луѓе, само кога би ги чуле.

Затоа, прашавме професори од целиот свет за на учениците да им го кажеме сето она што треба да го знаат, но професорите не смеат да им го кажат, а ова се најдобрите одговори:

profesor1

1. Искрено, сите тие работи што ги учиме не се толку важни

„Многу поважни се животните вештини што ги учиш додека ги извршуваш активностите на часот. Учиш како ефективно да се караш и да комуницираш со различни типови луѓе. Учиш да слушаш и да одговараш соодветно. Толку многу учиш, што не го ни сфаќаш тоа бидејќи ти изгледа само како домашна или есеј. Но преку тоа учиш да бидеш независен возрасен човек и тоа многу повеќе отколку што мислиш.“

2. Светот знае да биде суров

„Ти си многу повеќе од она што мислат/судат другите.“

3. Возрасните не секогаш се во право

„Понекогаш би сакал/а да ти кажев дека твоите родители грешат.“

4. Ти не си твоите резултати од тестот

„Сите стандардизирани тестови воопшто не се поврзани со тоа што ќе станеш кога ќе пораснеш.“

5. Ни јас не сакам стандардизирани тестови

„И мене ми создаваат стрес!“

6. Не се плаши да згрешиш.

„Јас сум тука да ти помогнам.“

7. Те сакам

„Но не ми се допаѓаш во овој момент што ти го избра за да правиш сцена.“

8. Ние не сме толку различни

„И јас сум толку нервозен/а колку што си ти на почетокот од школската година.“

9. Не се заморувај со малите работи

„Твоите години во основно нема да имаат огромно влијание на твојата академска, професионална или лична патека. Ти посакувам да можеш да уживаш во овие години од твојот живот. Забавувајте се, деца сте!“

10. Бидете љубезни

„Ќе зажалиш што не си бил љубезен/а кон некој што ти дал шанса.“

11. Тестовите не се сѐ

„Знаењето на одговорите на тест не те прави паметен/а.“

12. Не секогаш учењето е забавно

„Знам дека некои од работите што јас мора да ги предадам, а ти мора да ги научиш се здодевни.“

13. И јас сум зависен/а од мојот телефон

„Секој ден се борам да не го проверам Фејсубукот додека сум на час – исто како и ти.“

14. Те почитувам и ти го посакувам најдоброто

„Знам дека ти си индивидуална личност со сопствена перспектива и проблеми, иако си само тинејџер/а.“

15. Ако не работиш напорно, нема да постигнеш резултати

„Родителите и учениците доаѓаат на училиште со став дека работата на професорот се состои во тоа да го направи ученикот паметен. Да, тоа е точно. Но јас можам само да помогнам. Вистинското учење може да се случи само ако ученикот сака.“

16. И јас мразам домашни

Тоа е вишок работа која останува за викенди и празници.

17. Учењето е процес кој трае во текот на целиот живот

„Тоа не завршува кога ќе дојде крај на школската година.“

Share this Story
Load More Related Articles
Load More By Sofija Sion
Load More In Едукативно

Facebook Comments

Check Also

Европа vs. Македонија

Живеењето во Македонија, верувале или не, може да ...