Responsive Leaderboard AD Area
Едукативно

Што ако ви кажеме дека погрешно го полните вашиот телефон и затоа батеријата постојано ви е празна?

Да бидеме искрени – батериите не ги бива.Тие се постојан предизвик за нас и сигурни сме дека и вие се обидувате да не го искршите телефонот секој ден кога тој ви се гасне кога најмногу ви треба. Но, што, ако ви кажеме дека батеријата се празни бидејќи погрешно го полните телефонот?

1

Многу луѓе знаат дека полнењето на телефоните предизвикува долгорочни оштетувања на батеријата и дека подобро e телефонот комплетно да се испразни, па потоа да го наполните.

Но, тоа и не е баш така. Всушност, еден сајт од компанијата за батерии Cadex наречен Battery University ни дава детали за тоа како литиум-јонските батерии во нашите телефони се чувствителни на некој вид на стрес. Како за луѓето така и за батериите, долгорочниот стрес може да биде штетен за животниот век на батеријата.

Ако сакате да ја зачувате вашата батерија во најдобра форма, тогаш еве што треба да направите:


1. Откако ќе се наполни телефонот не го оставајте долго на полнач

Според Battery University, оставајќи го телефонот на полнач иако целосно е наполнат, (на пример спиете додека телефонот се полни и наутро го отстранувате од полначот) влијае врз рокот на батеријата. Откако вашиот телефон ќе ги достигне тие 100%, и не го отстранете, батеријата е под висок стрес, т.е. под висок напон. Отстранување на телефонот од полнач му доаѓа нешто како релаксирање на мускулите по напорен тренинг.


2. Не треба да го полните
телефонот до 100%

Според Battery University, подобро е телефонот да не биде комплетно полн затоа што високиот напон ја форсира батеријата. Тоа може да ви изгледа контра интуитивно, но ако сте се обидувале да ја задржите батеријата цел ден доволно е само да го вклучите телефонот во било кое време од денот и сè ќе биде во ред.


3. Трудете се да го полните телефонот секогаш кога можете

Батериите од нашите телефони се многу “посреќни” кога ги полнимe повремено во текот на денот, отколку кога ги полниме еднаш во денот. Полнете го вашиот телефон, кога ќе загуби 10% од полните 100%. Спротивно од она што мислитеВо ред е да се приклучува и исклучува повеќе пати на ден. Со ова батеријата работи оптимално за подолго време, но, исто така, останува на врвот во текот на денот.


Чувајте го телефонот на ладно

Батериите се толку чувствителни на топлина. Ако забележите дека вашиот уред станува топол кога се полни, извадете ја батеријата. Ако сте надвор на сонце, покријте го вашиот телефон. Тоа ќе го заштити здравјето на вашата батерија.

Share this Story
Load More Related Articles
Load More By Mihaela
Load More In Едукативно

Facebook Comments

Check Also

Европа vs. Македонија

Живеењето во Македонија, верувале или не, може да ...