Responsive Leaderboard AD Area
Интересно

Поезијата е најдобриот начин да го промените светот….

Mинатата неделa повеќе од 500 деца се собрале во Вашингтон, со цел да го одговорат на прашањето што ги збунува умовите на повеќето возрасни: Што значи тоа да се биде Американец во 21 век?

500 деца од 55 различни градови и организации од целиот свет учествувале на 19-годишниот фестивал “Brave New Voices”, натпревар кој секоја година носи млади поети кои зборуваат за темите на нашето време, меѓу кои се и : политиката, полициската бруталност, родовата еднаквост.

Студентка од Бостон по име Мишел  ја напишала  поемата “I, too, am American” на фестивалот, која директно се однесува на годинешнава тема. Мишел, како и многу други конкуренти на BNV, не се плаши да покаже колку им е тешко на малцинствата, емигрантите и маргинализираните групи, да објасни како е да се “биде” Американец.

Учесниците ја користат поезијата за да ги изразат емоциите и личните искуства кои се релевантни:

BNV  бил многу помал фестивал, но со текот на годините тој достигнал голема популарност. Овој фестивал е можност за сите – за децата кои често се игнорирани и чии зборови не се ценат доволно кои имаат можност да го кажат она што сакаат на најдобар можен начин.

За нив кажаниот збор е како основна алатка поради неговата способност да се создаде заедница.

Основачот и извршниот директор на Youth Speaks Џејмс Кас смета дека предноста на напишаниот збор лежи во неговата непосредност – млад човек кој живее во свет кој постојано се променува може да напише песна, да ја сподели и добие повратна информација.

Share this Story
Load More Related Articles
Load More By Mihaela
Load More In Интересно

Facebook Comments

Check Also

#ГласамПротив Интересни илустрации од македонските дизајнери поврзани со моменталната политичка ситуација

Македонија е на прагот од една нова (политичка)раскрсница. ...