Responsive Leaderboard AD Area
Едукативно

По што ќе ги препознаете моќните луѓе?

Моќта отсекогаш му била важна на човекот и голем број луѓе целат кон тоа да станат моќници. Луѓето кои се моќни имаат длабоко влијание на сите луѓе кои ќе ги сретнат. Да, тие ја добиваат моќта бидејќи си влијаат сами на себе. Ние, од друга страна, ја гледаме само нивната надворешност – гледаме како зборуваат, измислуваат нови иновации, и се туркаат себеси кон поголеми и подобри нешта. Но, тие сето тоа го прават со самодоверба и некои други нивни навики.

mok1

А, ова се 11 од нив:

1. Нив не им е потребна титула за да можат да водат

Навистина е важно да не ја помешате моќта со авторитетот. Вистинската титула може да ви даде авторитет, но не може да ви даде моќ. Од друга страна, не ви е потребна титула за да бидете моќни. Може да водите без да бидете шеф и може да имате моќно влијание на работното место и во општеството без да имате титула.

2. Тие се грациозно немирни

Моќните луѓе никогаш не се задоволуваат со статус кво. Тие се оние кои постојано прашуваат „Што ако?“ и „Зошто да не?“. Тие не се плашат да поттикнат конвенционална мудрост и тие не ги размрдуваат работите само затоа што им се допаѓа тоа – туку за да ги подобрат.

3. Тие размислуваат сами за себе

Моќните луѓе не се заморуваат со најновиот тренд или со јавното мислење. Тие внимателно го формираат своето мислење, кое се базира на факти. За моќник да го промени своето мислење, потребни се факти. Но, на нив не влијае она што луѓето го мислат, туку она што го знаат.

4. Моќните луѓе се фокусираат на она што навистина има значење

Не можете да им го оттргнете вниманието поради секојдневни ситници. Тие знаат да се фокусираат на она што е навистина важно и тоа да им го покажат на другите. Тие зборуваат само кога имаат нешто важно за кажување и никогаш не ги заморуваат луѓето со празни муабети.

5. Тие се експерти во конфликти

Кога станува збор за конфликт, луѓето имаат 2 екстреми: некои се пасивни и комплетно избегнуваат конфликт, а другите се агресивни и се соочуваат со конфликтот сметајќи дека тоа ги прави моќни. Луѓето кои се експерти во конфликт знаат како директно, но и конструктивно да му пристапат. Со други зборови, тие имаат голема емоционална интелигенција.

Вистинските моќници не реагираат емотивно и не заземаат одбранбен став кога станува збор за конфликтни мислења – тие ги пречекуваат со отворени раце. Моќните луѓе се доволно скромни да знаат дека тие не знаат сѐ и дека некој друг може да види нешто што тие го пропуштиле. И ако таа личност е во право, тие ја прифаќаат таквата идеја затоа што нив повеќе им е грижа за крајниот резултат т.е. исходот, отколку тоа да бидат во право.

6. Тие поттикнуваат разговор

Кога зборуваат моќните луѓе, нивните зборови се шират како жабчиња во вода. Влијателните луѓе ги инспирираат сите луѓе околу нив да истражуваат нови идеи и да размислуваат поинаку за нивната работа.

7. Тие ги знаат нивните силни и слаби страни

Честопати луѓето кои моќта ги опијанува и кои поради тоа ја злоупотребуваат, не ги гледаат сопствените слабости. Тие стануваат вистински моќни кога ќе започнат да се гледаат какви всушност се и се ставаат во таква позиција за да ги искористат нивните силни страни за доброто на сите. Тоа значи искрено и вистинско согледување и прифаќање на силните и на слабите страни.

8. Тие созреваат и ги шират своите мрежи

Оние кои стануваат моќни користејќи го макијавелистичкиот пристап не се заморуваат со луѓе кои не им се корисни. Луѓето го гледаат тоа, и ваквите „моќници“ најчесто се сами и немаат пријатели. Вистинските моќни луѓе знаат како да направат врски кои долго ќе траат. И не само што знаат многу луѓе, туку тие ги знаат и врските на нивните врски. Уште поважно, тие ги ценат сите луѓе кои се во нивната мрежа. Тие ги споделуваат советите кои ги знаат и знаат како да ги запознаат луѓето кои сметаат дека треба да бидат запознаени.

9. Моќните луѓе бараат помош кога таа им е потребна

Лесно е да грешно да се претпостави дека моќните луѓе никогаш не бараат помош. Барањето помош кога не го знаете одговорот или кога не можете да ги направите работите сами не е знак на слабост. Напротив, тоа е знак на сила. Ваквата постапка испраќа порака дека не сте несигурни и дека знаете да го тргнете егото настрана.

Потребна е огромна количина самодоверба и понижување за да признаете дека ви е потребна помош и барањето помош е критично, бидејќи нема ништо полошо од заглавување на погрешен пат кога сте премногу засрамени или горди за да признаете дека немате поим што правите.

10. Тие веруваат

Моќните луѓе секогаш го очекуваат најдоброто. Тие веруваат во својата сопствена моќ за да ги постигнат нивните соништа и тие веруваат дека и другите луѓе ја делат истата моќ. Моќните луѓе веруваат дека не постои ништо што не може да биде достигнато и таа верба ги инспирира другите луѓе околу нив да ги постигнат сопствените цели. Тие искрено и цврсто веруваат дека еден човек може да го промени светот.

11. Тие ги прават нештата во моментот

Уште во 1894, Орисон Свет Марден кажал нешто многу важно

 „Не ги чекајте необичните можности. Барајте обични можности и направете ги необични. Слабите мажи чекаат шанси. Силните мажи ги создаваат.“

Ако ја чекате вистинската можност за да станете моќни, тогаш таа никогаш нема да дојде. Моќите луѓе знаат дека развивањето моќ е како дигање тегови или трчање маратон. Единствениот начин да ги зацврстите мускулите е преку нивно користење, затоа престанете да измислувате изговори и започнете. Вие знаете во што верувате, знаете кои сте и знаете што сакате да бидете – затоа и така однесувајте се. Да, честопати ќе ви биде непријатно и да некои луѓе ќе ви кажуваат дека грешите, но единствениот начин да станете моќни и да ја користите таа моќ за добро е да излезете и да го направите тоа.

Share this Story
Load More Related Articles
Load More By Sofija Sion
Load More In Едукативно

Facebook Comments

Check Also

Европа vs. Македонија

Живеењето во Македонија, верувале или не, може да ...