Responsive Leaderboard AD Area
Video

Ова смешно видео е за сите жени кои биле замолени да се смеат повеќе

Жените се постојано подложни на разни предизвици во текот од нивниот ден. Но, еден од најголемите е „Насмевни се!“. Постојат денови кога едноставно не ни е дојдено до смеење, а сме приморани од нашите колеги, пријатели, луѓе кои воопшто не ги познаваме, партнерот и сл.

Токму затоа Nightpantz заедно со Џен Мекартни направиле едно кратко скеч видео кое промовира апчиња за смеење наречени „Smyle“.  Во видеото, навистина добро се покажани предизвиците што значи да бидеш жена и на хумористичен начин е претставено справувањето со проблемите.

„Многу мажи не сфаќаат дека жените се нервираат кога мажот ќе им каже да се насмевне, а тоа води до идеја дека постојат одредени начини како жената треба да се однесува во овој свет.“ – вели Мекартни.

„Кога жените не се конформираат на овие начини, мислам дека многу луѓе потсвесно мислат дека нешто не е во ред и дека треба да ја поправат ситуацијата. Сакав да го прикажам барањето за насмевка на 3 места: на работа, на улица и во љубовниот живот.“

Така да, погледнете го видеото и насмејте се, бидејќи сте жена и бидејќи „сакате да се соочите со патријаршијата“:

Секако, ако апчињата не функционираат овој метод секогаш функционира:

smiling

Share this Story
Load More Related Articles
Load More By Sofija Sion
Load More In Video

Facebook Comments

Check Also

Оваа апликација може да ги идентификува видовите на растенија што ги фотографирате

Сте се запрашале некогаш кој вид на цвеќиња ...