Responsive Leaderboard AD Area
Едукативно

Ново истражување: Постои само едно златно правило кога станува збор за слабеење….

Ако сакате да ослабите, мора да се придржувате до одредени правила, но едно истражување кое било спроведено од American Academy of Pediatrics докажа дека постои едно и единствено златно правило кое гарантира успешно слабеење.

dieta1

Рецептот е многу едноставен: престанете да зборувате колку вишок килограми имате и дека мора да ослабите. Всушност, научниците заклучиле дека разговарањето за килограми и диети е најбрзиот начин да ја саботирате сликата за сопственото тело и вашиот однос кон храната.

Експертите истакнуваат дека ваквиот пристап на слабеење е поврзан со нашето растење и со она што го слушавме од нашите родители за храната.

„Ако родителите биле премногу оптоварени со сопствената тежина или го предупредувале детето да внимава на бројките на вагата, кај детето постои поголема шанса дека ќе усвои нездрави начини на слабеење. Навиките кои ги стекнавме во детството не исчезнуваат кога ќе пораснеме“ – пишува во истражувањето.

Но, ако не можете да го избегнете разговорот за слебеење, подобро да се фокусирате на здрави навики, како правилна исхрана, без спомнување на тежината. Затоа, кога сакате да ослабите првенствено мора да се фокусирате на тоа да се чувствувате добро, добро да се храните и со вежбање да постигнете подобра физичка норма и кондиција отколку да постигнете одреден број.

Share this Story
Load More Related Articles
Load More By Sofija Sion
Load More In Едукативно

Facebook Comments

Check Also

Европа vs. Македонија

Живеењето во Македонија, верувале или не, може да ...