Responsive Leaderboard AD Area
Едукативно

Никако не ги исфрлајте маснотиите: 5 факти кои ќе ви помогнат да ослабете

Ако сакате да ослабите, не мора да се откажувате од вкусна храна. Напротив, маснотиите кои се наоѓаат во намирниците се вашиот најдобар сојузник во борбата со вишок килограми, но само ако јадете паметно.

Ова се 5-те факти за маснотиите поради кои нема потреба да гладувате:

masnotii1

1. Исфрлување на маснотиите од исхраната нема да ви помогне да ослабите

Бројните диети кои скоро потполно ги исфрлуваат маснотиите од исхраната не се добри за вашето тело. За да можат да ја зачуваат потребната енергија, мускулите имаат потреба од маснотии. Тому поради тоа, оваа неоправдано омразена состојка мора да се најде во вашата чинија. Но, мора да знаете дека не е важен вносот на маснотии, туку типот на мастонии.

2. Постојат типови на маснотии кои треба да ги избегнувате

И додека заситените маснотии се дел од здравата и контролирана прехрана која помага при слабеење, постојат и нездрави маснотии кои најдобро е да ги избегнуваме.

Станува збор за транс или заситени маснотии кои немаат скоро никаква нутрициска вредност. Тие го подигнуваат нивото на холестерол во телото и го зголемуваат ризикот од срцеви болести. Ваквите транс маснотии најмногу се застапени во маргаринот и растителните масла.

3. Постојат маснотии кои треба да ги јадете

Добрите маснотии се кријат во бројни намирници кои треба да ги консумирате на дневна база. Таквата храна е преполна со незаситени, здрави маснотии од кои вашето тело има потреба. Ако сакате да ослабите не треба да гладувате, туку треба да побарате помош од природата.

4. Постојат многу полоши работи од маснотиите

Иако мастите се поврзуваат со дебелеење, постојат продукти кои се многу полоши за вашето тело и притоа немаат никаква нутритивна вредност. Еден од нив е шеќерот кој е скриен во скоро сите преработени производи.

5. Масните производи го убиваат гладот и помагаат при слабеење

Маслиново масло, бучино масло, јаткасти плодови како бадеми, ореви и лешници, риба, цели житарки, масло од кикиритки или бадеми – сите овие се одлични извори на масти, имаат висока калориска вредност, но се многу здрави и имаат моќ да ве заситат.

Share this Story
Load More Related Articles
Load More By Sofija Sion
Load More In Едукативно

Facebook Comments

Check Also

Европа vs. Македонија

Живеењето во Македонија, верувале или не, може да ...