Responsive Leaderboard AD Area
Video, World, Интересно

Неверојатниот крај на светскиот триатлон ни ја покажува смислата на вистинската братска љубов

Британскиот триатлонец Џони Броунли беше на само 700 метри одалеченост од неговата втора титула на Светската Триатлон Серија 2016 година , кога неговиот свет потполно се сврти.

abudhabi_8

Ја завршуваше последната трка на сериите во Козумел, Мексико, со солидно водство од сите останати натпреварувачи. За да го освои натпреварот, неодамнешниот добитник на Олимпичко сребро требаше да заврши прв на трката, а неговиот конкурент од Шпанија да заврши не погоре од четврти. Но тој удри во ѕид, преморен од топлината и од темпото на трчање. Беше на работ да колабира на земјата. Почна видно да ја губи својата енергија и едвај да се движи по патеката. Само неговиот инстинкт му кажуваше дека треба да ги помрднува своите нозе и да стои исправено.

Надлежните на трката се вдадоа да му асистираат и да му пружат медицинска помош, очекувајќи Џони да ја заврши трката предвремено.

Но тука го стигна неговиот брат, 2016 Олимпички шампион  Аластаир Броунли , го прегрна на рамо и продолжи да трча заедно со него. Пред самиот крај Аластаир го турна својот брат да заврши втор на трката, и стана пример за братска љубов во целиот свет.

Подвигот на братската љубов била инспирирана како резултат на сопствено искуство на Аластаир. “И јас сум бил во истата позиција во мојот живот”, кажа Аластаир во интервју после трката. “Тоа беше природна човечка реакција кон мојот брат, но и за секој друг би го направил истото”.

Share this Story
Load More Related Articles
Load More By Irina Sm
Load More In Video

Facebook Comments

Check Also

#ГласамПротив Интересни илустрации од македонските дизајнери поврзани со моменталната политичка ситуација

Македонија е на прагот од една нова (политичка)раскрсница. ...