Responsive Leaderboard AD Area
Едукативно

Навистина е здраво: 3 причини кои ќе ве убедат дека најдобро е да спиете без облека

Време е да заборавите на носење на неудобни пижами и огромни маици за спиење. Научниците неодамна открија дека најдоброто решение за добар и квалитетен сон е спиењето без облека. Зошто? Па, резултатите се многу едноставни.

1. Подобро спиеме кога температурата на телото е пониска

3

Многу подобро спиеме кога температурата на телото е пониска и колку помалку облека носиме толку помалку топлина задржуваме во нас. Дури и најмалото зголемување во телесната температура (0,4 °C) е доволно за да се зголеми одредени делови на мозокот, водејќи до нарушување на сонот.

2. Се чувствуваме емоционално поблиску до нашиот партнер

2

Нашата телесна температура не е единствениот проблем. Кога спиеме голи со партнерот до нас, се зголемува продукцијата на окситоцин, уште познат како „хормонот на љубовта“ кој го подобрува расположението, помага во одржување на имунолошкиот систем и ни помага да почувствуваме емотивна интимност.

3. Побрзо заспиваме и полесно се будиме

1

Како шлаг на тортата, спиењето голи значи дека нема облека која нормално ја отежнува размената на топлина – што е добро за циркулацијата на крвта. Тоа ни помага побрзо да заспиеме и прави полесно да се разбудиме – нешто кон што многу луѓе тежнеат.

Share this Story
Load More Related Articles
Load More By Sofija Sion
Load More In Едукативно

Facebook Comments

Check Also

Европа vs. Македонија

Живеењето во Македонија, верувале или не, може да ...