Responsive Leaderboard AD Area
World, Едукативно, Интересно

Најстарото, Највисокото и Најширокото дрво во Светот

Најстарото дрво во светот: Старото Tjikko(9,554 години старо)

Најстарото индивидуално клонално дрво во светот се верува дека е старо 9,554 години. Оваа Норвешка Смрека е лоцирана на Фулуфјалет Планина на провинцијата Даларана во Шведска, и било откриено од професор по Физичка Географија, Леиф Кулман. Дрвото било именувано “Старото Тјико” по неговото куче.

На прв поглед, ова 5 метрашко дрво може да не изгледа како да е најстариот жив организам, но не дозволувајте големината да ве измами! Преку илјадници години ова дрво успешно се адаптирало на секоја климатна промена што ја погодувало оваа област.

Се верува дека причината зошто ова дрво толку време преживеало е поради два процеса: вегетативно клонирање и раслојување. За време на вегетативното клонирање, стеблото може да изумре на секои стотици години(600 години во овој случај), но кореновиот систем може да живее илјадници години. Раслојувањето се случува кога една од гранките ќе ја допре земјата и евентуално се “претвора во корен”.

Научниците исто имаат лоцирано неколку други дрвја во оваа област, што датираат пред 8,000 години – навистина зашеметувачки!

Најстарото Не-Клонирачко дрво во светот: Метузалем(4,849 години)

Метузалем е вид на борово дрво што расте во “Белите Планини од Инјо Каунти во источна Калифорнија. Ова дрво го добило името од еден од карактерите од библијата, кој живеел скоро 1000 години.
дрво
За разлика од дрвото “Tjikko” што преживеало од “клонирајќи” се себе си, Метузалем се верува дека е најстариот организам што не се клонира себе. По броење на неговите прстени, од 2012 година има 4,845 години, што денес има 4849 години.

Највисокото дрво во светот: Хиперион(115.6 метри)
Хиперион било откриено на 25 Август, 2006 година од натуралистот Крис Аткинс и Мајкл Тејлор во многу oддалечен регион на “Redwood National and State Parks”(Калифорнија, С.А.Д.), и се верува дека е од прилика 700-800 години старо. Истражувачите велат дека дрвото би можело да биде дури и повисоко, но поради штета од клукајдрвец таа е моменталната височина.

Иако неколку други дрвја биле регистрирани дека се повисоки од овој џин, повеќето од нив паднале до средината на 60тите години поради тешко уништување на шумите во овој регион. Всушност, повеке од 90% од античките дрвја на државата биле уништени за тоа време се до 1978 кога регионот бил претворен во Национален Парк. Луѓето шпекулираат дека постоеле повисоки дрвја дури и од Хиперион.

Како и со сите ретки дрвја, точната локација е тајна и само 3 групи на луѓе биле способни да ги најдат и документираат.

Но за жал, повеќето од фотографиите се фотографирани со мобилна камера(или банана-не можеме да направиме разлика). Но еве само да ви ја дадеме идејата од тоа како дрвото изгледало.

Најширокото дрво во светот: Арбол дел Туле Дрво
El Árbol del Tule(Шпански за Дрвото на Туле) е чемпрес лоциран во центарот на градот Санта Мариа дел Туле, во Мексиканската држава Оахаска. Всушност, градот е именуван по ова дрво!

Од прилика 1,400 години старо(некои извори велат дека е и преку 2,000), ова дрво се верува дека го има најдебелото стебло во светот, со дијаметар од 11.62 метри.

Share this Story
Load More Related Articles
Load More By Irina Sm
Load More In World

Facebook Comments

Check Also

#ГласамПротив Интересни илустрации од македонските дизајнери поврзани со моменталната политичка ситуација

Македонија е на прагот од една нова (политичка)раскрсница. ...