Responsive Leaderboard AD Area
Интересно

Најново истражување: Во иднина жената нема да биде потребна за да се раѓаат деца?!

Замислете да не е потребна жена за да се имаат деца. Епа, токму тоа е резултатот на едно истражување од Англија.

1

Резултатите од прелиминарните експерименти, кое ги објавиле научниците од англискиот универзитет Бат, укажуваат на тоа дека еден ден ќе биде возможно да се имаат деца без јајце-клетки.

Научниците тврдат дека успеале да донесат на свет мало глувче така што со хемиска постапка го „увериле“ сперматозоидот дека влегува во јајце-клетка. Според наодите објавени во магазинот „Nature Communications“ процесот на зачнување би можел да биде возможен без жена.

Научниците најпрво ја претвориле неоплодената јајце-клетка во некој вид на ембрион. Тој лажен ембрион има многу заедничко со обичната јајце-клетка т.е. најмногу со кожата. Потоа, во лажниот ембрион инјектирале сперма. Во експериментите со глувци, изгледот за постигнување успешна бременост биле 24%.

Малку претходно, истава година, кинеските научници објавиле дека успеале да создадат сперматозоид од матични клетки кои потоа се поврзале со јајцето. Резултатот? Здраво, мало глувче.

Share this Story
Load More Related Articles
Load More By Sofija Sion
Load More In Интересно

Facebook Comments

Check Also

#ГласамПротив Интересни илустрации од македонските дизајнери поврзани со моменталната политичка ситуација

Македонија е на прагот од една нова (политичка)раскрсница. ...