Responsive Leaderboard AD Area
Video, World

Најбрутални направи за мачење од минатото

Мачењето било брутална реалност за многу несреќни луѓе во минатото. Но најзагрижувачкиот факт за бруталноста на мачењето не е самото постоење на истото, туку начинот на кој што луѓето внесувале голема креативност(па дури и задоволство) во направите, дизајнирани да нанесат голема болка. Да ја докажеме нашата поента еве 25 направи за мачење кои биле дизајнирани.

1. Обесен, Влечен, Пресечен

мачење

Во средниот век, казната за високо предавство во Англија било да бидеш обесен, влечен и пресечен. Иако било установено во 1814, овој метод на казна бил одговорен за убивање на илјадници луѓе. Во оваа техника на мачење, жртвата била влечена лежејќи на дрвена даска наречена “hurdle”(пречка) до местото на егзекуцијата. Жртвите потоа ги обесувале за врат на краток временски период пред самата смрт, следејќи кастрација каде што гениталиите ги палеле пред жртвата, а потоа му ја сечеле главата.

2. Пила Мачење

Пила мачење

Во овој метод, жртвата била обесена со нозете нагоре, за крвта да им отиде накај главата со цел да бидат свесни во процесот на долгото мачење. Луѓето кои што го вршеле ова грозоморно дело, земале пила и ја сечеле жртвата од средината надолу, дур жртвата не била целосно преполовена. Многу од жртвите биле исечени само до стомакот, за да ја продолжат нивната агонија.

3. Шпанско Магаре

Шпанско магаре мачење

Една од направите за мачење за време на Шпанската Инквизиција, оваа е најверојатно една од најгрозоморните што постоеле. Жртвата лежела врз направата како магаре, што е уствари вертикална дрвена даска со остри шајки на неа. Потоа, на измаченикот му се додавала килажа на неговите нозе, додека направата не му го пресекла телото.

4. Кршувачкото Тркало

Направа за мачење

Исто така познато како Тркалото на Катерина, оваа направа за мачење била употребувана за споро убивање на жртвите. Прво, рацете и нозете на жртвата биле врзани помеѓу дупките на големото дрвено тркало, што потоа полека се вртело додека мачителот континуирано му ги мавал екстремитетите на маченикот, притоа кршејќи му ги на различни места. Како што коските биле скршени, жртвата била оставена на тркалото да умре, или била ставена на висок пол за птиците да можат да се хранат од жртвата додека е сеуште жива. Оваа техника на мачење била спора со тоа што жртвите умирале и после неколку дена од дехидрација. Понекогаш, било давано милост на жртвите, што ги пукале во градите и стомакот да ја завршат нивната агонија.

5. Републикански Брак

Техника за мачење

Покрај гилотината и горењето на клада, овој акт на мачење бил донесен од Џон-Баптист Кериер за време на Француската Револуција. Вклучувало на врзување на голи мажи и жени заедно и ги фрлале во преладни води да се удават. Кога немале пристап до таква вода, ги сечеле со мечови и бајонети. Ова бил преферираниот метод употребуван да се егзекуираат калуѓерки и свештеници во тоа време.

6. Крокодил Гилотина

мачење

Често употребувана да ги осакатуваат тие кои се обидувале да го убијат кралот, оваа железна клешта се загревала пред да биде употребена за да ги растегне на парчиња жртвите стискајќи ги со клештите на крокодилот.

7. Мевосек на Гради

Мачење жени

Иако жените исто така биле предмет на многу направи за мачење, оваа специјално била дизајнирана за нив. Употребена за да изврши огромно губење на крв, клештите кои често биле загреани до црвена боја, биле ставени на градите на жените што ги пенетрирало преку нив. Потоа биле влечени предизвикувајќи големи парчиња на месо да паѓаат од нив.

Еве едно видео на кое покажуваат голем дел од направите кои биле употребувани.

Share this Story
  • Video World

    Најбрутални направи за мачење од минатото

    Мачењето било брутална реалност за многу несреќни луѓе во минатото. Но најзагрижувачкиот факт за бруталноста на мачењето не е самото постоење ...
Load More Related Articles
Load More By Irina Sm
Load More In Video

Facebook Comments

Check Also

Оваа апликација може да ги идентификува видовите на растенија што ги фотографирате

Сте се запрашале некогаш кој вид на цвеќиња ...