Responsive Leaderboard AD Area
Едукативно

Мускулната маса ви се намалува: 7 знаци дека не пиете доволно вода

Водата е навистина важна, всушност ние самите се состоиме во голем процент од неа. Токму затоа секојдневната хидратација е есенцијална за нашето здравје. Но, голем дел од луѓето не пијат доволна количина т.е. ретко кој пие 8 чаши вода во текот на еден ден.

Ова се знаците по кој ќе познаете дека не пиете доволно вода:

sport

1. Сува уста

Првиот и најочигледниот индикатор на недоволна хидратација е сувата уста. Кога устата ни е сува, многу од нас се одлучуваат за засладените пијалоци кои нудат само привремено решение. Од друга страна, водата ги подмачкува мукозните мембрани кои се наоѓаат во устата и грлото, а со тоа ја одржуваат влажна устата подолго време.

2. Сува кожа

Еден од најраните знаци на дефицит на вода во организмот е сувата кожа таа може да доведе до полоши проблеми. Еден од нив е недостатокот на пот, што оневозможува телото да се измие од нечистотиите кои се акумулирале во текот на денот.

3.  Суви (крвави) очи

Кога вашето тело се соочува со недостаток на вода, тоа може да доведе до појава на т.н. „суви очи“ кои може да изгледаат како да се крвави.

4. Намалување на мускулна маса

Мускулите се  претежно составени од вода, што значи, помалку вода = помалку мускули. Исто така, ако пиете вода за време на тренинг, ги намалувате шансите за воспалување на мускулите.

5. Замор

За да може да функционира, дехидрираното тело ја користи водата во крвта. Крвта која не е правилно хидрирана доведува до недостаток на кислород – што пак доведува до замор.

6. Глад

Често, кога телото е дехидрирано имате впечаток дека сте гладни. Ова може да се случи во секое време од денот или ноќта. Иако јадењето му дава повеќе енергија на вашето тело, сепак кога ќе се напиете вода, таа ги прочистува органите.

7. Предвремено стареење

Како што старееме, така нашите тела го намалуваат процентот на вода. Затоа треба да се зголеми вносот на вода. Предвременото стареење се гледа однадвор, но исто така и внатре во организмот, може да појави штета.

Share this Story
Load More Related Articles
Load More By Mihaela
Load More In Едукативно

Facebook Comments

Check Also

Европа vs. Македонија

Живеењето во Македонија, верувале или не, може да ...