Responsive Leaderboard AD Area
Video

Моќно видео кое покажува дека мажите треба да зборуваат за нивното психичко здравје

За разлика од жените, мажите кои се борат со психичка болест помалку ќе го признаат тоа и нема да бараат решение на проблемот. Токму затоа Movember – организација посветена на машкото здравје активно работи за постојано да се зборува за психолошката состојба на мажите.

„Зборувањето за големите работи во животот – здравјето, врските, тешките времиња, не за секого е лесно, но традиционалните концепти на мажественост на мажите им создаваат уште поголем товар.“ – вели Марк Хедсторм, заменик претседател на глобалните операции на организијата.

„Голем дел од мажите се ’премногу силни’ и ги чуваат нивните чувства за себе и сами се борат со нивните проблеми“.

Во чест на Светскиот ден за превенција на самоубиства, Movember создадоа видео кое на моќен начин ги покажува психичките проблеми. Токму затоа кампањите како оние на Movember се толку многу важни – тие јавно ги потсетуваат мажите дека тие не се сами и дека е круцијално да признаат дека им е потребна поддршка.

„Целта на видеото е да се поттикнат важните разговори поврзани со самоубиство, комплексните проблеми кои ги опкружуваат и што може да се направи за да се решат.“ – вели Хедстром.

„Разговори кои се надеваме дека ќе спасат живот и ќе спречат болни последици за фамилиите, пријателите и комуните на мажи кои секојдневно умираат. Тоа е непријатен разговор, но тој мора да се одржи.“

Погледнете го видеото на Movember. Тоа е доказ дека кога станува збор за психичко здравје, дека доволно е само да се зборува и така може живот да се спаси:

Share this Story
Load More Related Articles
Load More By Sofija Sion
Load More In Video

Facebook Comments

Check Also

Оваа апликација може да ги идентификува видовите на растенија што ги фотографирате

Сте се запрашале некогаш кој вид на цвеќиња ...