Responsive Leaderboard AD Area
Интересно

Љубители на серии обединете се: Тв водич на нови серии за Септември 2016

Ах, Септември. Сѐ уште топол, но со малку дожд и температури кои полека-полека опаѓаат. Септември е месецот на започнување на школото, подготвување за нова работна година и збогување со летото. А, да и за малку ќе заборавевме: Септември е месецот на нови серии и нови сезони од долго очекуваните хитови.

По тој повод, решивме да направиме листа на нови серии кои ни изгледаат како да ќе станат голем хит. Од хорор, до драма и комедија, има по малку за секој. А, ваше е да ја одберете омилената и веќе да почнете да ја даунлоадирате првата сезона.

Ова се дел најдобрите нови серии за Септември 2016:

1. Bull

Жанр: Драма

Со Michael Weatherly во главната улога како д-р Џејсон Бул, оваа драма ја портретира кариерата на д-р. Фил Мекгро – основач на една од нaјплодните судски консталтинг фирми на сите времиња. Брилијантен и шармантен, др. Бул е оној кој ги држи конците така што комбинира психологија, човечка интуиција и високо технолошки податоци сѐ со цел да научи што е она што ги провоцира судиите, адвокатите, сведоците и обвинетите.  Премиерата е на 20-ти септември.

2. Imaginary Mary

Жанр: Комедија

Замислете да имате измислен пријател. Во ред…а, сега замислете дека сте во врска со самохран татко. Следно, замислете дека вашиот измислен пријател започнува да ви зборува…

Jenna Elfman ја толкува улогата на Алис, чиј живот комплетно се променува кога ќе се заљуби во Бен, а нејзината имагинарна пријателка Мери започнува да ги комплицира работите. Смешна и забавна тв серија со елементи на фантазија, сигурни сме дека ќе ве насмее и ќе ве потсети дека работите не се секогаш онакви какви што посакуваме.

3. Atlanta

Жанр: Комедија/Драма

Животот на раперите отсекогаш бил тежок и желбата за слава и богатство отсекогаш била голема. Но, што се случува кога двајца братучеди се спремни да се пробијат на рап сцената во Атланта? Останува сами да дознаете во оваа нова серија. Режирана од Donald Glover кој исто така ја толкува главната улога, Atlanta ја раскажува приказната за Ернест „Ерн“ Маркс, млад менаџер кој се обидува да ја започне кариерата на својот братучед Алфред „Пејпер Бој“ Мајлс. А, рап сцената, вистинскиот и уличниот живот знаат да бидат безмилосни…Премиерата е на 6-ти септември.

4. The Exorcist

Жанр: Хорор/Психолошки трилер

Базирано на класичниот хорор филм од 1973, The Exorcist зборува за два различни попови Томас и Маркус кои се обидуваат да ѝ помогнат на една фамилија која ја мачат демони. Серијата е опишана како побудувачки, серијализиран трилер кој го открива лицето на вистинското зло. Премиерата е на 23-ти септември.

5. 24:Legacy

Жанр: Акција/Драма/Политички трилер

Сите добро се сеќаваме на нашиот омилен херој Џек Бауер кој имаше 24 часа да ја спаси Америка од ужасни терористички напади. Но, во 24:Legacy Џек Бауер е заменет со Ерик Картер, кој повторно ја бара помошта од CTU (Counter Terrorist Unit) за да ја спаси Америка од уште еден голем терористички напад. Дали тој ќе успее или времето ќе го прегази?

6. (Marvel’s) Luke Cage

Жанр: Акција/Авантура/Драма/

Mike Colter го толкува главниот лик на Лук Кејџ. Кога еден саботиран експеримент му дава натчовечка сила и кожа отпорна на куршуми, тој станува бегалец кој се обидува да си го врати својот стар живот во Харлем. Меѓу сите згоди и незгоди, Лук мора да се соочи со своето минато и да се бори за неговиот роден град. Уште една борба против злото, со шармантен лик и добра приказна. Дефинитивно вреди да биде проследено. Премиерата е на 30-ти септември.

7. Queen Sugar

Жанр: Драма

Оваа серија го следи животот на двете сестри – Нова Борделон, новинар и активист од Њу Орлеанс и Чарли Борделон Вест, модерна жена која го напушта својот скап апартман во Лос Анџелес заедно со својот син-тинеџер Мика за да се пресели во Луизијана за да го земе своето наследство од својот неодамна починат татко – фарма за шеќерна трска. Режирано од Опра Винфри и Ава Дувернеј, оваа серија ќе ве потсети дека почетоците се тешки, но имаат своја убавина. Премиерата е на 7-ми септември.

8. American Housewife


Жанр: Комедија

Кејти (Кејти Миксон) е мајка со силна волја и желба да ги запише своите деца во едно од најпрестижните школи во Вестпорт, но прво треба да се справи со бандата слаби, затегнати „совршени“ мајки. Полна со хумор и семејни моменти, оваа серија искрено ќе ве потсети дека не е толку важно да бидете совршени, но сосема е важно да бидете реални. Премиерата е на 11-ти октомври.

9. Pure Genius


Жанр: Медицинска драма

Џејмс Бел е билионер кој сонува да изгради болница која ќе има најдобрата технологија во светот и која ќе може да ги излечи и најтешките болести. Благодарение на напредокот на технологијата, Бел заедно со неговиот партнер др. Волтер Волас се справуваат со тешкотиите и предизвиците кои боледувањето може да ги донесе. Но, дали Џејмс Бел има намера да ги спаси сите други или да се спаси себеси? Премиерата е на 27-ми октомври.

10. Aftermath


Жанр: Научна Фантастика (Sci-fi)

Фокусирана на семејството Коупленд, оваа серија зборува за почетоците на крајот на светот. Што се случува кога ќе дојде крајот на светот и како да се преживее? Огромно невреме, дожд од метеори кои паѓаат на земјата, тешки земјотреси, чума и воздигнување на натприродни суштества – оваа возбудлива научно-фантастична серија ќе ве закова за екранот и со нетрпение ќе ја очекувате секоја нова епизода. Премиерата е на 27-ми септември.

Share this Story
Load More Related Articles
Load More By Sofija Sion
Load More In Интересно

Facebook Comments

Check Also

#ГласамПротив Интересни илустрации од македонските дизајнери поврзани со моменталната политичка ситуација

Македонија е на прагот од една нова (политичка)раскрсница. ...