Responsive Leaderboard AD Area
Интересно

Конечно докажаа: Најново истражување покажа дека кучињата разбираат што зборуваме!

Дали некогаш сте се запрашале зошто вашето куче реагира позитивно кога ќе му речете „те сакам“? „Не, не би можело да ме разбира. Тоа е само куче“ – сигурно си мислите во моментов.

kuche1

Па, да вистина е. Кучињата разбираат што зборуваме.

kuche2

Истражувачите на универзитетот Eötvös Loránd во Унгарија преку проектот под име “Family Dog Project“ користеле fMRI за да ја скенираат мозочната активност на 13 домашни кучиња при слушање зборови. Интересното нешто е што кучињата требало да лежат дури и 8 минути без да се движат, за експериментот да може да успее.

kuche3

Како успеале? Истражувачите рекле дека најважните нешта што требало да ги направат е да ги натераат кучињата да им веруваат на истражувачите, а тие притоа да ги фалат и да ги возвишуваат кучињата.

Кучињата не само што го разбираат значењето и интонацијата на човечкиот говор, туку тие го обработуваат јазикот исто како и луѓето! Кучињата ја користат десната хемисфера за обработка на зборовите, а со левата хемисфера ја анализираат интонацијата.

kuche4

Истражувачите до ваквото сознание дошле преку кажување на неутрални фрази, но со пофалбен тон и обратно. Мозочната активност на кучето покажала дека тие прават разлика помеѓу значењето на зборовите и звукот.

kuche5

Во превод, многу е важно што му кажуваме на кучето и со каква интонација истото е кажано.

Знаеме дека сега дел од вас веќе велат „Знаев! Знаев дека ме разбира!“. Никогаш повеќе никој нема да биде исмејуван бидејќи зборува со нивното куче. А, ако некој ви се смее, само кажете им дека треба да бидат известени за најновите научни истражувања.

Share this Story
Load More Related Articles
Load More By Sofija Sion
Load More In Интересно

Facebook Comments

Check Also

#ГласамПротив Интересни илустрации од македонските дизајнери поврзани со моменталната политичка ситуација

Македонија е на прагот од една нова (политичка)раскрсница. ...