Responsive Leaderboard AD Area
Едукативно

Кинескиот биолошки часовник открива: Дали имате проблем со некој од органите?

Античката кинеска медицина создала кинески биолошки, уште познат како телесен часовник кој може да ви помогне да дознаете во каква состојба ви е организмот т.е. кој органи не работат како што треба.

bioloski

Кинескиот биолошки часовник покажува интервали во кои енергијата циркулира низ телото т.е. на секои 2 часа се чувствува нивото на најголема енергија во некое подрачје. Односно, ако имате проблеми со одреден дел од организмот, во одреден дел од денот ќе ги почувствувате симптомите.

Вкупно постојат 12 меридијани од кои секој припаѓа на некој поголем орган, а листата на органи изгледа вака: бели дробови, дебело црево, желудник, слезина, срце, тенко црево, мочен меур, подрачје околу срцето, бубрези, дванаесетпалачно црево, жолчен меур и црн дроб.

Меридијаните делуваат на 24 часа и се поделени на 12-часовни интервали. Токму поради тоа, докторите во Кина она што прво ги прашуваат своите пациенти е во кој дел од денот ги почувствувале симптомите. Врз основа на таквиот податок, докторот може да знае што е причина за здравствениот проблем.

Пратете го својот биолошки часовник и запишете го времето од денот кога ги чувствувате симптомите. Исто така, забележете го времето од денот кога имате најмногу енергија т.е. во колку часот се будите навечер, што исто така може да упатува на проблем во одреден дел од телото.

Во текот на максималната активност, одредениот орган работи со „полна пареа“. Ако почувствувате болки во подрачјето на одреден орган во време кога тој би требало максимално да работи (на пример, црниот дроб најмногу работи во 2 часот наутро) тоа укажува на можност за постење на проблем со тој орган.

Време на максимална работа на секој орган:

1-3 часот – црн дроб
3-5 часот – бели дробови
5-7 часот – дебело црево
7-9 часот – желудник
9-11 часот – слезина
11-13 часот – срце
13-15 часот – тенко црево
15-17 часот – мочен меур
17-19 часот – бубрези
19-21 часот – перикард
21-23 часот – дванаесетпалачно црево
23-1 часот – жолчен меур

Време на минимална активност на секој орган – т.е. одмор на секој орган

1-3 часот – тенко црево
3-5 часот – мочен меур
5-7 часот – бубрези
7-9 часот – перикард
9-11 часот – дванаесетпалачно црево
11-13 часот – жолчен меур
13-15 часот – црн дроб
15-17 часот – бели дробови
17-19 часот – дебело црево
19-21 часот – желудник
21-23 часот – слезина
23- 1 часот – срце

Кинескиот часовник носи и совети што да правите и како да реагирате во одреден дел од денот:

  1. Измеѓу 11 и 13 часот најдобро е да јадете ручек и да се дружите. Уживајте во разговрот со луѓето, поврзете се со нив, соработувајте и нудете помош. Ручекот нека биде балансиран и не премногу заситен.
  2. Измеѓу 13 и 15 часот, кога телото го вари ручекот, најефикасно ќе ги решавате проблемите и ќе бидете организирани.
  3. Измеѓу 15 и 17 часот е најдобро време за учење, корисна работа и пиење чај. Во ова време пијте и вода за детоксикација на организмот.
  4. Измеѓу 17 и 19 часот вечерајте и обновете ја сопствената енергија. Овој дел од денот е посветен на максимална активност на бубрезите во кои се зачувани резервите на енергија.
  5. Измеѓу 19 и 21 часот е времето на максимална активност на перикардот т.е. надворешната обвивка околу срцето која има задача да управува со циркулацијата, мозокот и репродуктивните органи. Токму затоа ова е најдобриот период за дружење, флерт, секс и зачнување дете.
  6. Измеѓу 21 и 23 часот најдобро е да се одморите, опуштите и да читате. Избегнувајте да јадете во овој период.
  7. Измеѓу 23 и 1 часот најдобро е да одите да спиете и да се регенерирате. Ако имате камен во жолчката, постојат најголеми шанси во овој период да почувствувате болка.
  8. Измеѓу 1 и 3 часот црниот дроб максимално раоти, па ако се разбудите во ова време значи дека црниот дроб е преоптоварен со чистење на организмот. Намалете со нездрава храна, пушење, алкохол и останатите штетни работи.
  9. Измеѓу 3 и 5 часот треба цврсто да спиете. Ако кашлате во овој период, тоа значи дека белите дробови ги исфрлаат токсините.
  10. Измеѓу 5 и 7 часот најдобро е да се разбудите. Испијте чаша вода за дебелото црево, кое е најактивно во овој период, да може добро да работи. Исто така, добро е да одите на прошетка и во овој дел од денот најпаметно ви е да го избегнувате кофеинот.
  11. Измеѓу 7 и 9 часот појадувајте. Најдобар избор е овошјето, белковините, јаглехидратите со ниски гликемичен индекс (GI), здрави маснотии и витамини.
  12. Измеѓу 9 и 11 часот бидете активни и работете. Овој период е период на максимална активност на слезината која се поврзува со менталната сила, го зајакнува метаболизмот и е задолжена за претворање на хранливите материи во енергија.
Share this Story
Load More Related Articles
Load More By Sofija Sion
Load More In Едукативно

Facebook Comments

Check Also

Европа vs. Македонија

Живеењето во Македонија, верувале или не, може да ...