Responsive Leaderboard AD Area
Video, Едукативно, Интересно

Како да препознаете лажго?

Дали некогаш сте ја искривиле вистината?  Можеби некогаш сте напишале невистинити информации во вашето резиме, или сте заборавиле на вашиот партнер да спомнете дружење со колеги после работа? Таа лага можеби ве извадила од објаснување што не сте сакале да го давате.

Но што ако вие сте на страната на примање на нечиви лаги? Тогаш што?

Експертите кои студираат детекција на измама знаат кои знаци да ги гледаат кога сакаат да препознаат лажго. Говорот на телото најчесто издава, кажува Лена Сиско, поранешен Гуантанамо Беј испитувач и автор на “Ти лажеш”.

“Мнозинството на луѓето ги прават работите како, превртување на очите и стануваат анксиозни, но не сите го прават тоа”, вели таа.

Ако се сомневате дека некој не ја кажува вистината, припазете ги допирите на лицето и допирите на носот.

Носот започнува да ги чеша, така што тие почнуваат да го допираат и чешаат постојано”, вели таа.
“Кога сме анксиозни, крвотокот ни забрзува во носот. Ние то го викаме ‘Пинокио Ефект’“.

Нешто друго за носот – се вжештува кога некој кажува лага. Иако истражувачите не ги знаат целосно причините за овој феномен, тие мислат дека има нешто со тоа колку многу “ментален напор” треба за да се креира лага, според професорот Емилио Гомез Милан, кој предава во оделот за експериментална психологија на Универзитетот на Гранада во Шпанија.

Најчестата лага која е кажана од мнозинството на луѓето е тоа дали навистина биле на тоа место каде што ви кажале дека се. Дури 35% од возрасните имаат излажано за тоа каде се наоѓаат.

Постојат и “супер лажговци” кои ретко издаваат знаци на лажење, често тие лажговци се и психопати , и обично знаат да ги надмудрат и полициските експерти.

Подолу во прилог ќе ви го доставиме видеото од “Ted Talks” со наслов “Како да препознаете лажго” , кои што јасно ги објаснуваат знаците на некој што лаже, и како да се справите со истиот.

Share this Story
  • Video Едукативно Интересно

    Како да препознаете лажго?

    Дали некогаш сте ја искривиле вистината?  Можеби некогаш сте напишале невистинити информации во вашето резиме, или сте заборавиле на вашиот партнер ...
Load More Related Articles
Load More By Irina Sm
Load More In Video

Facebook Comments

Check Also

#ГласамПротив Интересни илустрации од македонските дизајнери поврзани со моменталната политичка ситуација

Македонија е на прагот од една нова (политичка)раскрсница. ...