Responsive Leaderboard AD Area
Video

Како да направите сопствено бадемово млеко? (ВИДЕО)

Млекото од бадем е многу здраво и има благ вкус. Плус тоа, совршено е за луѓе кои се нетолерантни на лактоза или не се љубители на вкусот на обичното млеко.

1

Бадемовото млеко е едно од најквалитетните млека на светот, а помага и со регулација на холестерол во крвта. Исто така, се користи и како замена за обично млеко кај луѓе кои се нетолерантни на лактоза.

Исто така, има поубав вкус од обичното млеко, па на јадењата и на десертите им дава посебен вкус и арома. Можеби ви изгледа како тешко за правење, но баш напротив – постапката е многу лесна! Може да го подготвите во вашата кујна, а подготвувањето е навистина брзо. Сѐ што ви е потребно е сиров бадем и вода.

За околу 220 g бадеми потребно е 950 ml вода. Потопете ги бадемите во водата и оставете ги да отстојат преку ноќта. Процедите, ставете во блендер и додајте 2 шолји чиста вода. Добро изблендирајте, па процедете ја смесата. Исто така, густата смеса што ќе остане исцедете ја. Може да го користите без никакви засладувачи или да ставите малку природни засладувачи.

А, за подетално упатство, погледнете го видеото:

Share this Story
Load More Related Articles
Load More By Sofija Sion
Load More In Video

Facebook Comments

Check Also

Оваа апликација може да ги идентификува видовите на растенија што ги фотографирате

Сте се запрашале некогаш кој вид на цвеќиња ...