Responsive Leaderboard AD Area
Едукативно

Како да им се допаднете на другите луѓе: Социјални вештини и трикови кои ќе ви помогнат во разговор

Дали луѓето ќе ве сакаат или не зависи од вашата емоционална интелигенција. Можеби сте природно допадливи или ви треба малку повеќе труд. Ако припаѓате на втората група, ова се неколку брзи и лесни начини кои ќе ви помогнат повеќе да им се допаднете на луѓето.

socijalnivestini1

1. Одржувајте контакт со очи

Едноставно, но за многу луѓе контактот со очите претставува проблем. Најатрактивниот квалитет кај луѓето е самодовербата. Но, да се има самодоверба не е најдобриот совет. Наместо тоа, најдете најдобар индикатор на самодоверба, а тоа е контактот со очи.

Трудете се што е можно повеќе да ја вежбате ваквата особина, не ви е потребно вежбање, нити некоја посебна способност – само посветеноста да гледате некој во очи додека зборувате со нив.

2. Ставете го телефонот во џеб

И држете го таму додека не заврши разговорот или состанокот. Внимавајте на вашиот соговорник. Гледајте го во очи. Престанете што и да правите и посветете му се нему. Без прекинувања.

Ова е уште една едноставна, но ефективна навика која може веднаш да ја користите. А, не ви е потребен никаков труд, нити вештина.

3. Обраќајте им се на луѓето со име

Следниот пат кога некој ќе ве поздрави со вашето име или го искористи вашето име на сред разговор, сетете се колку е добро таквото чувство. Ако имате проблеми со спојување на имињата и ликовите, испробајте различни стратегии. Добар пример е да пробате да ги запишете или да користите слики и рими поврзани со таквото име. Исто така, одлична стратегија е да ги повторувате имињата – еднаш кога ќе ве запознаат и уште два пати подоцна кога ќе го завршите разговорот.

4. Насмевнете се

Не ја потценувајте моќта на насмевката. Смејте се и кажувајте шеги. Луѓето несвесно го забележуваат говорот на телото на личноста со која зборуваат. Ако сакате да им се допаднете ан луѓето, користете позитивен говор на тело и луѓето природно ќе ви ја возвратат услугата.

5. Ракувајте се меко

Не премногу силно, но не ни премногу слабо. И запомнете – без доминација. Истражувањата покажуваат дека луѓето одлучуваат дали ќе им се допаднете или не уште во првите неколку секунди по запознавањето. Мекото ракување има голем допринес на тој прв впечаток, а исто така и правото држење и позитивниот говор на тело.

6. Слушајте

Повеќе слушајте, отколку што зборувате. Имате две уши и една уста. И со таков размер треба да ги користите.

7. Не треба само да слушате, туку треба активно да слушате

Едноставното слушање зборови не е доволно. Допадливите луѓе навистина слушаат што кажува другата личност. Активното слушање се состои од 4 чекори: слушање, интерпретирање, проценување и возвраќање.

Првиот чекор бара да престанете со она што го правите и да започнете да внимавате. Следно, треба да го парафразирате она што го слушате и да започнете да прашувате прашања со кои ќе ви се разјасни она што било кажано.

Проценување значи да имате јасно и брзо расудување и веднаш потоа подеднакво брзо да заклучите. Бидете сигурни дека ги имате сите важни информации пред да изразите и да формирате мислење. На крај, дадете фидбек за да му кажете на соговорникот дека сте го слушале.

8. Ласкајте им на луѓето

Ова влијае директно на егото од луѓето и затоа е екстремно ефективно. Користете теми за отворање разговор кои прават другата личност да се чувствува како експерт. Одличен пример е: „Ти доста добро се разбираш во маркетинг, нели?“ или „Дали знаеш зошто секогаш добивам ваква порака?“

На ваков начин учите нешто ново, а другата личност се чувствува потребно. Да, толку е едноставно, тоа е вин-вин ситуација и функционира во 100% од случаите.

9. Научете да прифаќате комплимент

Прифаќањето комплимент може да биде заплеткано, затоа што не сакате да изгледате како да немате самодоверба, но од друга страна не сакате да бидете егоистични. Исто така, не би сакале да кажете:  „Фала исто и тебе“ бидејќи тоа прави да изгледате како да сте премногу самосвесни и антисоцијални.

Затоа наместо да одговорите со фраза „Ти изгледаш 10 пати подобро од мене“ или „Благодарение на тебе“ , прифатете го комплиментот со самодоверба и возвратите со фраза како „Благодарам! Навистина е добро да го чујам тоа“ или „Благодарам, какво прекрасно искуство.“.

10. Ако некој е прекинат, замолете ги да продолжат

Сите биле личноста која раскажува приказна, била прекината и сите непријатно зјапаат, прашувајќи се дали некој воопшто ве слушал. Во такви моменти, најдобро е да кажете нешто како „Еј, ај те молам доврши ја приказната.“ „Последно што спомна е дека кучињата те следеле. Може да продолжиш те молам?“

Веднаш ќе му олесните на говорителот и ќе направите да се чувствува ценето.

11. Не се жалете

Негативните луѓе може да го исцедат целиот живот од вас. Навистина е лошо за вас и вашата репутација постојано да се жалите. Ако забележите дека се жалите додека сите изгледаат замаено, направете си услуга и отворете нова тема.

12. Кажувајте интересни приказни

Раскажувањето не е природна работа – таа е стекната. Една од најдобрите техники е таа да напишете 20 приказни и да ги зачувате во вашиот телефон. Пред социјална интеракција, потсетете се на нив и започнете да ги раскажувате. Секој пат кога ќе ја раскажувате истата приказна, ќе станувате подобри. Ќе видите во кој дел луѓето најмногу се смеат, каде воопшто не се смеат, кога нивните очи одржуваат длабок контакт со вашите и сл. Вежбајте. Вежбајте. Вежбајте.

13. Бидете искрени

Постојат луѓе кои се ужасни при помнење на имиња, а тоа може да биде навистина непријатно при професионални настани. Најдобро за таквите луѓе е да бидат искрени и веднаш да го спомнат тоа. Затоа, пред да се претстави некој, добро е да им кажете дека не паметите имиња добро.

14. Не носете избрзани заклучоци

Понекогаш, нашите мозоци носат избрзани заклучоци поврзани со луѓето. Ова може да предизвика да се затворите. За да избегнете стекнување погрешен впечаток важно е добро да го истражите говорот на телото.

15. Прескокнете го секојдневниот разговор

Заборавете на „културен разговор“ и станете малку ранливи – ако сакате да станете пријатели со таа личност. Можеби немате искусено исти активности, но имате искусено исти емоции. Затоа, кога се вели дека треба да најдете слични интереси, тоа значи дека треба да најдете нешто што предизвикува исти емоции кај двајцата говорници.

16. Направете сите да се чувствуваат вклучено

Чувството да бидете исклучени од разговор е ужасно. Може да го избегнете ова така што ќе се трудите сите да бидат вклучени. Направете сите да се чувствуваат како да се дел од разговорот и тогаш нивното внимание ќе стане ваше.

Ако некој во групата се труди да каже нешто, но постојано го прекинуваат, помогнете им да се вклучат. Пробајте со ваквата реченица: „Извини, Марко, сакаше да кажеш нешто?“ Но, никогаш не правете тие да се чувствуваат непријатно.

Share this Story
Load More Related Articles
Load More By Sofija Sion
Load More In Едукативно

Facebook Comments

Check Also

Европа vs. Македонија

Живеењето во Македонија, верувале или не, може да ...