Responsive Leaderboard AD Area
World, Интересно

Излезе нова Хорор игра каде вештачката интелигенција учи од секој чекор што го правите во неа

Дали сте имале некој сосед што секогаш сакал да ве шпионира? Ако сте го искусиле тоа, тогаш знаете какво е чувството на иритација.

Истиот концепт е сега трансформиран во игра, каде “мешање во туѓи манџи” односно шпионирање се главните елементи. Стелт хорор играта за компјутер со име Hello Neighbor е објавена од неодамна, каде вашиот непријател е всушност вашиот сосед.
Хорор игра
Вештачката интелигенција во играта е толку напредна што учи од секој ваш чекор. Соседот ќе ве има на око цело време, и ќе учи од вашите грешки како да ве победи. Ова е сосема нов механизам што би работел одлично за хорор игра.

Играта е развиена од Tinybuild и продуцирана од Dynamic Pixels
Описот на Steam гласи:
“Навистина уживате да се прекачувате преку прозорот од задниот влез на куќата? Очекувајте стапица за мечка таму. Да се искрадувате на предната врата? Ќе има камери таму за скоро. Пробувате да избегате? Соседот ќе најде пократок пат и ќе ве фати”

Погледнете го трејлерот на следниот линк.

Share this Story
Load More Related Articles
Load More By Irina Sm
Load More In World

Facebook Comments

Check Also

#ГласамПротив Интересни илустрации од македонските дизајнери поврзани со моменталната политичка ситуација

Македонија е на прагот од една нова (политичка)раскрсница. ...