Responsive Leaderboard AD Area
Едукативно

Ѓумбир и чили пиперки: Оваа моќна комбинација може да ви го спаси животот!

Според зборовите на научник од Американското друштво на хемичари, соединението од капсаицин од лутите пиперчиња и 6-џинџерол од ѓумбирот, го намалуваат ризикот од рак на бели дробови.

rak

Веќе некое време истражувачите знаат дека ѓумбирот и чили пиперките содржат многу здрави материи, вклучувајќи бројни антиоксиданси. Но, новите докази укажуваат дека консумацијата на овие две намирници заедно може да помогне во превенција на ракот.

Научниците веруваат дека лути пиперки во комбинација со ѓумбир може да помогнат во борба против оваа смртоносна болест. Претходните истражувања тврделе дека капсаицинот – кој им го дава лутиот вкус на пиперките, може да предизвика рак. Но, новите откритија укажуваат дека соединување на лутиот вкус од ѓумбирот т.е. 6-џинџеролот може да делува против потенцијално штетните влијанија на капсаицинот.

Двете клучни соединенија – капсаицинот и 6-џинџеролот се врзуваат за истиот рецептор на ќелиите т.е. истиот оној кој е поврзан со растот на туморот.

Во текот на неколку недели, истражувачите хранеле глувци кои биле склони кон рак на белите дробови само со капсаицин, само со 6-џинџерол или со нивна комбинација.

Заклучокот од истражувањето било дека глувците кои биле хранети само со капсаицин или само со 6-џинџерол имаат големи шанси да развијат тумор на белите дробови.

Од друга страна, само половина од глувците кои биле хранети со 6-џинџерол ја развиле болеста. Уште понизок процент т.е. 20% од глувците кои биле хранети со комбинација од двете развиле рак на белите дробови.

Идните истражувања ќе се насочат кон тоа како точно соединението делува за да се намали ризикот од рак.

Чили и ѓумбир се најшироко користени зачини, особено во азиската кујна, а научниците долго време ги проучувале нивните потенцијални здравствени придобивки. Сепак, некои минати истражувања укажуваат на негативни здравствени ефекти од овие два зачина.

Наводно, научниците откриле дека луѓето кои се зависни од зачинета храна и чија исхрана е богата со капсаицин може да имаат поголеми шанси да добијат рак на желудник, па треба да се внимава да не се претера со овие зачини.

Share this Story
Load More Related Articles
Load More By Sofija Sion
Load More In Едукативно

Facebook Comments

Check Also

Европа vs. Македонија

Живеењето во Македонија, верувале или не, може да ...